Олтар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Олтар — место на кое се извршува жртвен обред. Во христијанството, во олтарскиот простор се наоѓа „чесната трпеза“, местото каде свештеникот му ја принесува жртвата на божеството. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.

Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во битолската католичка црква олтарот се наоѓа на исток).

Олтарски простор во христијанските цркви[уреди | уреди извор]

Олтар во црквата Св. Атанасиј во Радиовце

Олтарот е најсветиот и најважниот дел на христијанската црква. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од храмот и од средишниот дел (наосот) е одвоен со иконостас. Зборот олтар е од латинско потекло, од зборот altare и значи жртвеник, светилиште.

Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крштевање, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, богослужбена одежда...

Олтарот симболично го претставува небото каде престојува Бог. Се смета за најсвето место во храмот, па во него може да влегуваат само лица посветени на црковната служба.[1]


Олтарот како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Љиљана Стошиќ, „Речник црквених појмова“, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд
  2. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 143.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]