Олга Мурџева-Шкариќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Олга Мурџева-Шкариќ
Родена Олга Кирилова
17 септември 1944
Кавадарци, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање психолог

Олга Мурџева-Шкариќ (моминско: Кирилова; 17 септември 1944 во Кавадарци) — македонски психолог и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Олга Кирилова Мурџева-Шкариќ дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1967). Магистрирала на Универзитетот во Париз (1973), а докторирарала на Филозофскиот факултет во Скопје (1983). Работела како клинички психолог (1969-1972), а од 1973 година е вработена на Филозофскиот факултет во Скопје. Основоположник е на Институтот за психологија (1974), на Балканскиот центар за проучување на мирот (1993), на Студиите за мир и развој при Филозофскиот факултет во Скопје (1997), како и на научните дисциплини развојна психологија, психологија на родот и трансформирање на конфликтите. Раководела низа проекти на меѓународните организации УНЕСКО, УНИЦЕФ, УНДП, ТЕМПУС, ОМЕП и ИПРА. Меѓународен експтерт е во областа на развојот на рамноправните односи меѓу половите и развојот на културата на мирот и ненасилството. Објавила повеќе трудови, учебници и прирачници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мусалевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 999. Text "series " ignored (help)