Ништи (ткаење)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ништи во рамки

Ништи[1][2] или ништелки[3][4] — тенки, метални или памучни жици со отвор - окце во средината, низ кој се поминува нишка од основата за време на ткаењето. Ништите се спакувани во рамки за разбој и во рамката можат да се поместуваат лево-десно и обратно. Секоја рамка со своите ништи контролира еден дел од нишките на основата. Рамките на ништите се подигаат и спуштаат со системот за подигнување. Кога рамката е подигната, се дигаат и нејзините ништи, а со нив и нишките на основата воведени низ соодветните окца.[5]

Можностите за избор на преплети за мустрирање ткаенини на разбојот се толку поголеми колку што е поголем бројот на рамки со ништи. Со нивното различно подигање, можно е да се направат различни варијанти на преплетот на јатокот со основата.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ručno tkanje (prevod i obrada Margareta Legaš) - Mladost Zagreb 1977. Weaving & spinning / [edited by Yvonne Deutch]. London [etc.] Marshall Cavendish, 1977. ISBN : 0525700706
  • Уметност и техника ручног ткања Миланка Николић, Стручна књига Београд 1999 ИД – 743621244160