Никола Каранџулов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Каранџулов
Роден 1880
Прилеп, Македонија
Починал 28 јуни 1904
Селце, Прилепско Македонија

Никола Каранџулов (1880 - 28 јуни 1904)— македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никола Каранџулов е роден во Прилеп во 1880 година. Во Загреб завршил Педагошко училиште. Повеќе години учителствувал во родниот град и во други места низ Македонија.

Во 1898 година ѝ пристапил на револуционерната организација ВМОРО[1].

Во 1902 година бил затворен во Битолскиот затвор од страна на турската власт во кој подоцна успеал да избега. Станал војвода на чета и инструктор-ревизор на четите во Прилепско.

Учесник е на Прилепскиот конгрес во мај 1904 година. На 28 јули 1904 година неговата чета била откриена од Турците во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена. Во повеќечасовнта нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Каранџулов [2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Коста Николов, Спомени
  2. Алманах „Македония“, фототипно издание от 1931 година, стр.840

Надворешни врски[уреди | уреди извор]