Никита (филм од 1990)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никита (француски: Nikita) - француско-италијански филм од 1990 година, во режија на Лик Бесон (Luc Besson), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги граат: Ан Парило (Anne Parillaud), Жан-Хуг Англад (Jean-Hugues Anglade), Жана Моро (Jeanne Moreau) и Чеки Карјо (Tcheky Karyo). Овој филм го постигнал од најголемите комерцијални успеси во француската кинематографија. Поради тоа, три години подоцна, во Холивуд бил снимен истиот филм со Бриџит Фонда во главната улога, а по овој филм е снимена и истоимената тв-серија. Инаку, филмот се одликува со сите својства карактеристични за необарокот, но исто така и настојувањата да се создаде европски филм. За насловната улога, Ан Парило била наградена со француската филмска награда „Цезар“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По неуспешниот грабеж на аптека, полицијата ја притвора наркоманката Никита (ја игра Парило). Таа е осудена на смртна казна, но полицијата ја режира нејзината лажна смрт и ја ангажира да убива за потребите на разузнавачката служба. Никита сфаќа дека мора да ја прифати понудата, а шефот на тајната полиција Боб (го игра Карјо) има голема доверба во неа и ѝ ги доделува најважните задачи. Откако ја поминува исцрпувачката обука, таа станува професионален убиец и почнува да ја извршува својата служба. Меѓутоа, тогаш го запознава симпатичниот Марко (го игра Англад), кој се вљубува во неа и кај Никита се развиваат чувства кои се спротивни на нејзината работа...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]