Мон (држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Координати: 17°0′N, 97°20′E


Мон

(mwan pranynai)

Главен град Мулмејн
Регион Јужен
Површина 12.155 km²
Население 2,054,393[1]
Народи мони, Бамари, Англо-Бурманци, Чини, Качини, Карени, Ракини, Шани
Религија Будизам, Христијанство
Поранешното знаме

Mон е една од седумте држави на Мјанмар. Сместена е тошно помеѓу Карен на исток, Адаманското Море на запад, Баго на север и Танинтаји на југ. Се граничи и со Тајландската провинција Канчанабури на југоисток. Има површина од 12.155 км2. Мон има многу малечки островчиња по неговиот брег кој изнесува 566 км во должина.

Главен град е Мулмејн. 

Демографија[уреди | уреди извор]

Се проценува дека во Мон живеат околу 2,5 милиони луѓе. Мнозинството се Мони. Но сепак има и голем број на етнички Бамари, Карени и Па-O.

Клима и географија[уреди | уреди извор]

Мон има тропска клима. Просечната температура во јануари е 25,6 °C, а во Април е 29,4 °C . Просечните врнежи изнесуваат 4.830 мм, додека во областа Татон 5.500 mm. Дождовите се најјаки во Јули и Август.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Мон има околу 18.000 км2 обработливо земјиште, кое претежно е посеано со ориз. Има доста и приозводство на каучук. Доста е развиено и рибарството.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Мон има 2 дистрикта

Постојат 10 градски општини, 11 градови и 1199 села.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Пагодата Чаиктијо
Пејзаж во близина на Мудон, јужно од Мулмејн

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Извештај од пописот. Пописот на населението и домувањето во Мјанмар во 2014 година. 2. Непјидо: Министерство за имиграција и население. мај 2015. стр. 17.


Административна поделба на Мјанмар Знамето на Бурма
Окрузи: Иравади | Баго | Магве | Мандалај | Сагаин | Танинтаји | Јангон
Држави: Чин | Качин | Каја | Карен | Мон | Ракајн | Шан
Самоуправувачки зони: Дану | Кокан | Нага | Па Лаун | Пао
Самоуправувачки округ: Ва
Сојузна територија: Непјидо