Михај Верешмарти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Михај Верешмарти
Статуа на Верешмарти во Будимпешта
Статуа на Михај Верешмарти во Боњад

Михај Верешмарти (унгарски: Vörösmarty Mihály, 1 декември 1800 - 19 ноември 1855) — унгарски поет, роден во Пушта-Њек, потомок на благородничко католичко семејство.

Михај учи во Шекешфеевар и во Пешта. Смртта на постариот Верешмарти во 1811 година ќе ја остави неговата вдовица и многубројното семејство во голема сиромаштија. Како тутор во семејството Перчел, сепак, Верешмарти сам ќе го плаќа своето школување.

Собраниската работа во 1825 година за првпат ќе го разбуди неговото национално чувство и ќе му трасира нови патишта на неговиот поетски гениј (веќе има напишано една драма Соломон); тогаш Михај немарно станува и дел од јавниот живот во Унгарија, бидејќи безнадежно се вљубува во Етелка Перчел, која се наоѓа неколку сталежи над него. Низа прекрасни лирски песни ѝ го должат своето постоење на оваа невозвратена љубов. Патриотизмот на Верешмарти, најјасно проникнува во херојскиот еп Zalán futása (Бегството на Залан) (1824), кое е величествено обоено, стилски рафинирано дело, еден од бисерите на унгарската литература. Овој негов еп истовремено ја означува и транзицијата на овој жанр во унгарската литература од класицизам во романтизам.

Затоа Верешмарти ќе биде сметан од Карол Кишфалуди како и од другите унгарски романтичари за еден од нив. Целиов овој период, Михај одвај преживува. Ѝ се посветува на литературата, но неговите дописи за весниците, како и неговите рецензии се мизерно платено. Меѓу 1823 и 1831 создава четири драми и осум помали епови, кои делумно се историски, но и делумно и фантастични. Од овие епови, Верешмарти за свое ремек-дело ќе го смета Cserhalom (1825), но модерните критичари повеќе го величаат A két szomszédvár (Два соседни замоци) (1831), ужасна приказна за омразата и одмаздата.

Кога конечно се основа Унгарската Академија на Науките (17 ноември 1830), Верешмарти е избран за член на филолошката секција, за конечно да го наследи местото претседател од Кишфалуди и да се здобие со плата од 500 форинти. Тој е еден од основачите на Друштвото Кишфалуди, а во 1837 година, тој е и зачетник и уредник на списанијата Атенаум и Figyelmező, првото - врвно во рамките на белетристиката, второто најзначајно критичко списание во овој период.

Од 1830 до 1843 се посветува главно на пишување драми, од кои како најзначајна се издвојува Vérnász (Крвава свадба) (1833), која ја добива наградата за најдобро дело од Академијата во вредност од 200 гулдени. Издава и неколку збирки поезија, кои ги содржат неговите најдобри песни. Szózat (Проглас, 1836), која се смета за втора унгарска химна, Az elhagyott anya (Напуштената мајка) (1837) и Az uri hölgyhöz (На Благородната Дама) (1841) се длабоко испирирани од неговиот пламен патриотизам. Неговата венчавка со Лора Чајаги од 1843 ќе го инспирира да напише циклус еротски песни. Во 1848, заедно со Арањ и Петефи, започнува со преведување на Шекспировите дела. Самиот тој е одговорен за одличните препеви на Јулиј Цезар и Кралот Лир.

Во 1849 станува судија во врховниот суд. Националната катастрофа (неуспехот на револуцијата од 1848-49) ќе има пресудно влијание врз него. Кратко време е во егзил, а кога во 1850 година се враќа во Унгарија, веќе е стар човек. длабока меланхолија ќе го измачува до крајот на неговиот живот. Во 1854 ја пишува својата последна песна, трогателната A vén cigány (Стариот Циганин). Умира во Пешта во истата куќа каде умира и Карол Кишфалуди дваесет и четири години пред него.

Неговиот погреб се случува на 21 ноември и е прогласен за ден на национална жалост.

Белешки[уреди | уреди извор]

  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)