Мечкин Камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мечкин Камен
Карта
Општи податоци
ГрадКрушево
Земја Македонија
СопственикОпштина Крушево

Мечкин Камен — споменик во близина на градот Крушево. Претставува востаник со високо подигната карпа над главата и го претставува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од одредот на легендарниот војвода Питу Гули, кои ги дале своите животи при одбраната на Крушевската Република.

Споменикот на Мечкин Камен е изработен во 1983 година. Споменикот е авторско дело на Димо Тодоровски, истакнат македонски вајар и академик од првата генерација вајари, кои го втемелиле современиот вајарски израз во Македонската ликовна уметност.

Мечкин Камен како тема во народното творештво и во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Битката при Мечкин Камен“ — македонска народна песна.[1]
  • „На Мечкин Камен“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[2]
  • „Мечкин Камен“ — поема на македонскиот поет Анте Поповски.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 125.
  2. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 52-54.
  3. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 175-180.