Метох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“, метох на Бигорскиот манастир

Метох (множина: метоси) (грчки: μετόχιον или μετόχι) – манастирска земја, манастирски имот[1], односно недвижен имот во сопственост на манастир. Се состои од религиозни и стопански објекти, како и објекти за живеење. Вообичаено се наоѓа во населено место и во него живеат и за него се грижат монаси и монахињи. Во него се изведуваат богослужби, се примаат исповедници, се организираат поклоненија.

Во текот на османлиското владеење, метосите, како и црквите и манастирите, биле центри на православната духовна култура, нејзино опстојување и зачувување на македонскиот идентитет. Во нив често постојат ќелијни училишта кои ја поддржуваат основната писменост.

Метоси во Македонија[уреди | уреди извор]

Попознати метоси во Македонија:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2006). Толковен речник на македонскиот јазик. III. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 126. ISBN 978-9989-640-70-4.
  2. Во посета на Бигорскиот метох посветен на Соборот на Светиот Архангел Гаврил
  3. Бигорскиот манастир со денационализација си врати имот од 650 хектари. Архивирано од изворникот на 2015-01-27. Посетено на 2016-11-13.
  4. Манастир „Свети Спиридон“ Злетово

Поврзано[уреди | уреди извор]