Маја Апостолоска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маја Апостолоска (родена на 7 декември 1976) — македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е на списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие“.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

  • „Заиграј, веќе, мастилаво“ (поезија, 2000)
  • ”Прекин на комуникацијата“ (поезија, 2004)
  • ”Зад текстовите“ (книжевни критики, есеи и студии, 2007)
  • ”Именувањето“ (поезија, 2009)

Заедно со Јовица Тасевски - Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици и објавена е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Добитничка е наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст, која ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје.[1][2][3][4][5][6][7]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Официјален портал на Град Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2012-08-16.
  2. Македонска информативна агенција 09. 12. 2009[мртва врска]
  3. Кирилица 09. 12. 2009[мртва врска]
  4. Култура во РМ 10. 12. 2009[мртва врска]
  5. Време 10. 12. 2009[мртва врска]
  6. Вечер 10. 12. 2009
  7. Дневник 11. 12. 2009