Марсел Дишан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марсел Дишан

Марсел Дишан (француски: Marcel Duchamp; Blevel Krivan, 28 јули 1887 — Neuilly на Seine, 2 октомври 1968) — француски уметник и дадаист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во семејство кое негувало љубов кон уметноста. Од седумте деца на Дишан, Ежена и Луси, четири од нив станале успешни уметници. Марсел Дишан го напуштил родителскиот дом кога имал десет години и тргнал во потрага на образование. Во следните седум години поминал во интернат, во кој најголемо внимание му давал на интелектуалниот развој. Иако не бил еден од најдобрите ученици, сепак бил добитник на награди по математика и цртање. На возраст од четиринаесет години сериозно започнал да се работи на портрети на своите сестри и пејзажи во импресионистички стил. Година дена студирал сликарство на Академијата Јулиус, макар што  повеќе време поминал во играње билијард и цртање стрипови.

Во романот „Надја“, Андре Бретон го опишува Дишан како „најнеобичниот, најреткиот, најнепостојнаиот, најсоблазителниот човек“.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Фонтаната

Под псевдонимот Р. Мат, Дишан испратил писоар, наречен „Фонтана“, на изложбата на Здружението на независни уметници во 1917 година, каде што тој бил член на жири комисијата. Со таа постапка, тој ја измислил т.н. ready made уметност, која на крајот на 20 век станала особено популарна. Тој изложувал во салони непосредно по дипломирањето и му се приклучил на „Салонот на независните“. Дишановите фотографии од салонот ги  критикувал Аполинер, велејќи дека тие се „многу грди дела“, но и покрај тоа, меѓу нив низ годините се развило долгогодишно пријателство. Подоцна тој станал пријател и со уметникот Пикабија, кој му го покажал шармот на брзите автомобили и животот на висока нога.

Изложбата на футуристите во 1912 година му помогнала на Дишан да ги дефинира своите ставови, иако тој тежнеел на спротивни крајности во однос на футуристите и на својата „естетика на машините“. Тоа лето тој ги сликар автомобилите кои сам ги има создадено. Сликата "Актот се спушта по скалите" ги покажува елементите на фрагментација и синтеза на кубизмот, како и динамиката и движењето на футуристите.  Таинственоста на сликата го категоризира Дишан во контраст на футуристичко-кубистичките, во имагинарна и фантастична уметност. Во неговите слики, органското станува механичко и човечко месо е заменето со цевки, вентили, цилиндри. Да би опишало ова Дишаново комбинирање, подоцна е смислем и поимот „металоморфно“. Сликата „Актот се спушта по скалите“ претставува нова ера во естетиката на сликарството која го одбележува распрснувањето на формата. Со комбинирање на техниките на кубизмот, футуризмот и фотографијата,  Марсел Дишан создал слика која сигурно ќе предизвика контраверзии и побудува интерес во годините кои доаѓаат.  Иако тој се сомневал во легитимитетот на традиционалното сликарство и скулптура, а војувал и со кубизмот, Дишан сепак создавал визуелно примамливи дела. Ова сознавање ќе го натера на само дваесет и пет години да го напушти сликарството.

Критички осврт и влијание[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андре Бретон, Надја. Скопје: Магор, 2009, стр. 31.