Магматска комора

Од Википедија — слободната енциклопедија
11 – Магматска комора

Магматска комора — голем басен на течна карпа под површината на Земјата. Стопената карпа или магма во таквата комора е под голем притисок кој постепено може да ја скрши карпата околу неа, создавајќи начин за магмата да се движи нагоре. Ако го најде својот пат до површината, тогаш резултатот ќе биде вулканска ерупција. Следствено, многу вулкани се наоѓаат над магматските комори. Овие комори тешко можат да бидат откриени бидејќи се наоѓаат длабоко во Земјата, и затоа повеќето од познатите се наоѓаат блиску до површината, најчесто помеѓу 1 и 10 километри.

Магмата се издига низ пукнатините, бидејќи е помалку густа од околната карпа и кога водата навлегува во карпите над тонечката океанска плоча. Водата ја снижува температурата на топење на карпите, и тогаш тие стануваат полустопени и се искачуваат поради помалата густината на околните карпи и привремено се собираат под литосферата .Тогаш магмата се искачува низ кората, спојувајќи се со кварцен песок, доведувајќи до финалната супстанца. Кога магмата ќе се приближи до површината се собира во магматската комора под вулканот, каде релативно нискиот притисок и дозволува на водата и другите материи растворени во магмата да излезат од растворот. Кога критичниот волумен на магмата и гасовите ќе се акумулира, пречката од вулканската купа се надминува доведувајќи до ненадејна експлозивна ерупција.

Местоположбата на магматските комори може да се мапира со употреба на сеизмологија: сеизмичките бранови од земјотресите полека се движат низ течна карпа, дозволувајќи им на мерењата да ги посочат регионите со бавно движење кои ги идентификуваат магманите комори. Како што избувнува вулканот, така околната карпа ќе се распадне во комората за празнење. Ако големината на комората е значително намалена, како резултат на депресија на површината може да се формира купа.