Главно е познат како индустриски град, Лудвигсхафен е седиште на хемискиот гигант БАСФ, како и на други претпријатија. Помеѓу своите културни објекти се вбројува Државната филхармонија. Градот е родното место на поранешниот канцелар Хелмут Кол и филозофот Ернст Блох.