Личко-сењска жупанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Личко-сењска Жупанија
Ličko-senjska županija
Жупанија
Знаме на Личко-сењска ЖупанијаГрб на Личко-сењска Жупанија
Личко-сењската Жупанија (портокалова боја) во Хрватска (жолта боја)
Личко-сењската Жупанија (портокалова боја)
во Хрватска (жолта боја)
Главен градГоспиќ
Управа
 • ЖупанМилан Јурковиќ (ХДУ)
Површина
 • Вкупна5.352 км2 (2,066 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно53.643
 • Густина10/км2 (26/ми2)
Повикувачки број053
ISO 3166HR-09
Мреж. местоhttp://www.licko-senjska.hr/

Личко-сењската Жупанија главно се наоѓа на подрачјето на Лика во западна Хрватска, но го вклучува и северниот дел на островот Паг. Се граничи со Задарската Жупанија на југ, и со Карловачката Жупанија и Приморско-горанската Жупанија на север.

Население[уреди | уреди извор]

Личко-сењска Жупанија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001 година во жупанијата живееле 53.677 жители (1,2% од вкупниот број на жители во Хрватска - најмалку населена жупанија во државата). Густината на населноста изнесувала околу 10 жители на км2.

Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 86,2%, Срби 11,5%, Албанци 0,2% и други (1991; Хрвати 59,7%, Срби 37%).

Бројот на жителите низ годините[уреди | уреди извор]

година на попис 2001 1991 1981 1971 1961 1953 1948 1931 1921 1910 1900 1890 1880 1869 1857
бр. на жители 53.677 85.135 90.836 106.433 118.329 125.677 130.855 172.735 177.055 182.392 186.871 170.084 155.382 165.692 155.467

Извор[уреди | уреди извор]

  • ЦД-ром: "Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године", Издание на Државниот завод за статистика при Република Хрватска, Загреб, 2005.

Географија[уреди | уреди извор]

Во Личко-сењската Жупанија течат три реки: Лика со должина од 78,1 км (по по која е именувано и Личкото поле, а потоа и целиот регион Лика), Гацка со должина од 55,4 km и Новчица со должина од 29 км.

Највисоки планински врвови во жупанијата се: Вагански врв со висина од 1.757 m и Велики Завижан со висина од 1.676 m на Велебит, а на Плешевица Озеблин со висина од 1.657 m.

Во жупанијата има и доста езера, а најголеми по површина се Крушќица со 3,9 км2 и Плитвичките Езера со 2 км2.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]