Лисец (Егејска Македонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лисец
Лисец на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.827 м
Географија
МестоКостурско, Егејска Македонија

Лисецпланина во Костурско, Егејска Македонија. Се смета за дел од Нередска Планина (Вич) и е сместена во областа Корешта, во југоисточниот дел од општината Преспа и ја дели долината на Желевска (Рулска) Река од онаа на Статичка Река. Висока е 1.827 м.. На северното подножје се наоѓа селото Трново.

Тука, кај Трново во 1903 г. од прогрчки платеници е убиен и обезглавен костурскиот војвода Лазар Поп-Трајков. Мештаните од Бапчор го опеале овој трагичен настан во Песната за Лазар Поп-Трајков, во која планината Лисец жали за убиенот војвода.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сокол ми лета високо - Збирка народни песни од Егејска Македонија, Скопје: КУД Гоце Делев - Скопје, 1978, стр. 14.