Линцуровидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Линцуровидни
Сина линцура (Gentiana cruciata)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Линцуровидни
Lindley
Фамилии

Линцури (Gentianaceae)
Кучешки чемери (Apocynaceae)
Гелземии (Gelsemiaceae)
Логании (Loganiaceae)
Бросови (Rubiaceae)

Линцуровидните (Gentianales) се ред на цветни растенија во состав на астеридната група на дикотиледони.

Според Кронвистовиот систем, во редот спаѓаат пошироко утврдените Логании (Loganiaceae; подоцна разделени на повеќе фамилии), (Retziaceae), Линцури (Gentianaceae), Saccifoliaceae, Кучешките чемери (Apocynaceae) и Свилениците (Asclepiadaceae). Од нив, Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG) ги признава Кучешките чемери (вкл. Свиленици), Гелземиите (раздвоени од Логаниите), Линцурите (вкл. Saccifoliaceae), Логаниите и Бросовите (Rubiaceae).

Некои од попознатите членови на Линцуровидните се кафето, гарденијата и плумеријата.

APG ги вклучува Retziaceae во стилбите (Stilbaceae, ред усноцветовидни).

Наводи[уреди | уреди извор]