Лажица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Метална лажица
Лажици од Помпеја, Национален археолошки музеј во Неапол

Лажица е прибор за јадење кој се состои од мал плиток сад, овален или кружен, на крајот со дршка. Лажицата се користи во подготовка на храна и за да се измери, се меша, се промешува и се додаваат состојки, сервирање и други работи. Денес лажиците се направени од метал (особено сребро или есцајг, обложено или цврсто), дрво, порцелан, или од пластика.

Лажицaтa претежно се користи за течни и полутечни јадења, како супа, чорба или сладолед, или многу ситни прашкасти материи,кои неможат да се земат со виљушка, на пример шеќер, сол, ориз, житарки, грашок и друго. Во југоисточна Африка лажицата е главен прибор за јадење кој се користи за јадење, виљушките се користат за да ја туркаат храната во лажицата како ориз на пример, исто така како и нејзината западна употреба за сечење на храната. Лажиците претежно се користат и во готвењето и сервирањето на храната. Во пекарството, се користат за црпење на течно тесто.

Историја[уреди | уреди извор]

Африканска лажица направена од тиква
Дрвена лажица најдена на бродот од 16 век, Мери Роуз

Зачуваните примероци на различни форми на лажици што се користеле во Древен Египет се изработени од слонова коска, кремен, глинен камен и дрво, а многу од нив имаат изрезбани религиозни симболи.[1] За време на неолитската цивилизација во Сардинија, се користеле керамички црпалки и лажици, додека за време на династијата Шанг во Кина, лажиците биле изработувани од коски. Првите лажици од бронза во Кина се претпоставува дека биле користени како црпалки.[2] Во Стара Грција и Стар Рим лажиците биле изработувани од бронза и сребро, при што дршката имала форма на зашилен колец.[1] Постојат примероци што се чуваат во Британскиот музеј кои имаат различни форми.[1]

Во муслиманскиот свет, лажиците се користеле за јадење супа.[3] Средновековните лажици за домашна употреба најчесто се изработувале од рог на крава или од дрво, додека лажици направени од месинг, и други метали биле вообичаени во 15 век.[1] Што се однесува до лажиците од сребро или злато, тие биле дел од приборот за јадење на кралските и богатите куќи, со што се нагласува нивната посебна вредност.[1] Првиот запис за лажици во Англија е направен во тестамент од 1259 година.[1] Меѓу личните предмети на кралот Едвард I запишани во 1300 година, споменати биле златни и сребрени лажици со парискиот знак флор-де-лис.[1] Комплет на „апостолски лажици“, кои биле популарни во тјудорскиот период, се предмет на интерес за антикварниците.[1]

Други употреби на лажицата[уреди | уреди извор]

Украсна лажичка од театарот Форд во Вашингтон
  • Лажицата може да биде музички инструмент.
  • Изразот хранет со златна лажица се однесува на некој чии родители биле богати кога бил дете, или на кого во детството му било обезбедено повеќе од потребното.
  • Изразот „една лажица“ често се користи при рецептите како вообичаена мерка за количество. Кафена лажица е мерка за количество од околу 5 грама или милилитри, а супена лажица - околу 15 грама или милилитри.[4]
  • Лажицата може да биде и сувенир. Во таков случај тоа е мала лажичка посебно украсена.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Историја на приборот за јадење
  • Производство на лажица, грузиски стил
  • Jackson, C. J. (1892). „The Spoon and its history“. Archaeologia. 53: 107–146.
  • Историја на лажицата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 "Spoon." Encyclopædia Britannica Eleventh Edition, 1911. Viewing the linked scan requires the AlternaTiff plugin in most browsers. Статијава содржи текст од овој извор, кој сега е во јавна сопственост.
  2. Joseph Needham (2000). Science and Civilisation in China: Fermentations and Food Science. Cambridge University Press. стр. 106. ISBN 978-0-521-65270-4.
  3. Lindsay, James E. (2005). Daily Life in the Medieval Islamic World. Greenwood Publishing Group. стр. 128. ISBN 0-313-32270-8.
  4. Кујнски мерки