Куќа на Гете

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќата на Гете во Франкфурт

Куќата на Гете во центарот на Франкфурт на Мајна до 1795 била резиденција на семејството Гете.

Историја[уреди | уреди извор]

Собата на поетот

Место на раѓање на Гете и спомен-соба[уреди | уреди извор]

Јохан Волфганг фон Гете е роден во оваа куќа во Франкфурт 1749 година. Куќата на неговите родители во тоа време се состоеше од две тесни, меѓусебно поврзани полудрвени куќи, кои ги наследила бабата Корнелија Гете во 1733 година откако ѝ починал сопругот. По нејзината смрт таткото на Гете, кралскиот советник Јохан Каспар Гете, во 1755/56 година дал над подрумите на старите куќи да се изгради претставува претставителна, четирикатна зграда во стилот на доцниот барок (рококо). Јохан Волфганг фон Гете живеел тука, со исклучок на студиските години во Лајпциг во 1765/68 и во Стразбур 1770/71, додека не отишол во Вајмар во 1775 година. Неговите младешки се опишани години во автобиографијата Поезија и вистина. Во 1795 година, мајката Катарина Елизабета Гете ја продала куќата и заедно со мебелот, бидејќи ѝ било претешко да стопанисува со неа по смртта на таткото.

По продажбата, куќата поминала низ рацете на повеќе приватници. Последниот сопственик имал мала спомен-соба посветена на Гете на таванот. Кога во 1963 требало да се изврши поголема реконструкција на куќата, на научното граѓанско здружение основано од Ото Фолгер во 1859 му успеало да ја добие. Постепено била повторно изградена според историски извори и мемоарите на Гете и била ставена на располагање на јавноста како еден од првите поетски спомен-куќи.

Астрономски часовник[уреди | уреди извор]

Астрономскиот часовник во Куќата на Гете (детал)

Во 1746 година, дворскиот советник Вилхелм Фридрих Хизген дал да се изгради астрономски часовник. Хизген бил добар пријател на семејството Гете. Младиот Јохан Волфганг фон Гете го видел часовникот во куќата на Хизген и бил толку воодушевен од него што дури и пет децении подоцна, во Поезија и вистина, се сетил на тој „чудесен часовник за тие денови“. Во 1933 година, граѓанското друштво успеало да го купи таканаречениот Часовник на Хизген по цена од 2000 германски рајх-марки. Часовникот денес е изложен на мезанинот на вториот кат скалите на куќата.

Уништување за време на војната и реконструкција[уреди | уреди извор]

Реконструкција во мај 1949 година

Во воздушниот напад на Франкфурт од 22 март 1944 година, на денот кога се навршувале точно 112 години од смртта на Гете, целиот ред куќи на улицата бил тешко оштетен, а куќата на Гете била уништена со воздушни бомби. Веќе во 1947 започнала реконструкција верна на оригиналот под раководство на архитектот Тео Келнер. Во 1951 година се одржало свеченото отворање. Мебелот, предметите, книгите, ракописите и уметничките дела што за време на војната биле изнесени за да се заштитат можеле повторно да се вратат во родната куќа на Гете.

По 1945 година се одвивала голема дебата за смислата на реконструкцијата. Многу познати и влијателни личности ја отфрлиле реконструкцијата, а исто мислење имале и многу архитекти и историчари на уметноста. Овој став бил објавен во првиот број на списанието „уметност на градење и форма на работа“ како основен услов за реконструкција: „Уништеното наследство не смее да се реконструира историски, може да постои само со нови задачи во нова форма“. На страната на „Реконструкционистите“ застанале меѓу другите и добитникот на Нобеловата награда за книжевност Херман Хесе, филозофот Карл Јасперс и индустријалецот Ричард Мертон. На крајот приврзаниците на реконструкцијата успеале да го наметнат својот став.

Музеј на германскиот романтизам[уреди | уреди извор]

Со куќата е поврзан и Музејот на Гете, уметничка галерија со слики од времето на Гете. Во 2018 е предвидено спојување со Музејот на германската романтика, кој се гради на соседниот имот.

Анекдота[уреди | уреди извор]

Според една стара франкфуртска анекдота, вистинските жители на Франкфурт не се интересираат за куќата на Гете. Како доказ за тоа се наведува приказната за човекот од Франкфурт што бил на умирање и на смртната постела упатил последна молитва: Драг Боже, дозволи ми да поживеам уште малку и за тебе ќе одам дури и во куќата на Гете!

Галерија[уреди | уреди извор]

Интернет-врски[уреди | уреди извор]