Криводол

Координати: 43°22′8.09″N 23°28′52.66″E / 43.3689139° СГШ; 23.4812944° ИГД / 43.3689139; 23.4812944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Криводол
Криводол
град
Поглед на зградата на Општина Криводол
Поглед на зградата на Општина Криводол
Криводол is located in Бугарија
Криводол
Криводол
Местоположба на Криводол во Бугарија
Координати: 43°22′8.09″N 23°28′52.66″E / 43.3689139° СГШ; 23.4812944° ИГД / 43.3689139; 23.4812944
ЗемјаБугарија
ОбластВраца
ОпштинаКриводол
Управа
 • ГрадоначалникХристо Доков (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна36,625 км2 (14,141 ми2)
Надм. вис.&10000000000000208000000208 м
Население (2022)
 • Вкупно2.986
 • Густина82/км2 (210/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3060
Повик. бр.+359 09117
Мреж. местоrivodol.com

Криводол (бугарски: Криводол) — гратче во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Криводол во Врачанската Област. Има население од околу 2.986 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на 130 километри северно од Софија и на еднакво растојание (околу 20 километри) од регионалните центри Враца и Монтана. Низ него минува главната железничката линија СофијаВидин.

Историја[уреди | уреди извор]

Во времето на Тракијците и Римјаните подрачието на денешен Криводол вриело од живот. Во доцното римско време овде биле изградени многу римски куќи, вили и тврдини. Од камен натпис од 2 век дознаваме дека денешниот Криводол се наоѓа на територијата некогашниот римски град Тафтиомос.

Сегашното име Криводол се јавува за прв пат во османлиски документ од средината на 15 век како зеамет со 63 домаќинства и во друг документ од 1675 година.[2]

Во периодот 1910-1913 година овде била изградена железничка станица по главната линија што ги поврзува Софија со Дунавскиот Регион и Видин. Тоа поврзување ја направила населбата транспортен, трговски и културен центар.

Криводол бил признат за град со Указ бр. 829 објавен на 29 август 1969 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]