Криви Камен

Координати: 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД / 42.18000; 22.14000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Криви Камен
Криви Камен во рамките на Македонија
Криви Камен
Местоположба на Криви Камен во Македонија
Криви Камен на карта

Карта

Координати 42°10′48″N 22°8′24″E / 42.18000° СГШ; 22.14000° ИГД / 42.18000; 22.14000
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15024
Криви Камен на општинската карта

Атарот на Криви Камен во рамките на општината
Криви Камен на Ризницата

Криви Камен — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Ранковце и од општинското средиште Ранковце е оддалечено девет километри. До селото колски пат, кој не е во добра состојба, а селото е слабо поврзано и со околните места.

Најголем дел од атарот на селото се наоѓа под шума.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото добило електрична енергија дури во 1998 година и е последно село што било електрифицирано во рамките на општината.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Врз основа на самиот атар на селото, населението главно се занимава со шумарство и полјоделство.

Во селото нема стопански или услужни објекти.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948220—    
1953247+12.3%
1961237−4.0%
1971193−18.6%
1981109−43.5%
ГодинаНас.±%
199161−44.0%
199447−23.0%
200223−51.1%
20213−87.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[2]

Поради лошите услови во селото, бројот на население цело време забележувал пад, па така во 1961 година броело 237 жители, а според последниот одржан попис во 2002 година имало само 23 жители.[3] Сите жители се Македонци и се изјасниле како православни христијани.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 184 220 247 237 193 109 61 47 23 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Криви Камен е македонско село.

Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се

  • Богданови (5 к.) и Завичкови (2 к.) најстари два рода во селото. Богданови се доселени од селото Луке, а Завичкови се доселеници со непознато потекло. Мусини (2 к.) гранка се од родот Богданови. Сурличани (4 к.) доселени се од селото Сурлица во Горна Пчиња. Ѓошини (4 к.) доселени се од селото Герман. Гологлавци (2 к.) гранка се од претходниот род. Витановски (3 к.) и Гардинци (3 к.) доселени се однекаде.[8]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Витановци (5 к.), Чибуци (1 к.), Завичковци (2 к.), Гардинци (2 к.) и Мусинци (1 к.)
  • Доселеници: Ѓошинци и Барци (4 к.) доселени се околу 1803 година од селото Луке. Арсо (жив на 62 г. во 1953 година) го знае следното родословие: Никола-Младен-Ѓоше-Алексо, кој се доселил во селото; Сурличанци (5 к.) доселени се околу 1835 година од селото Сурлица во Горна Пчиња (денес во Србија); Богдановци (3 к.) доселени се околу 1850 година од селото Луке.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Петралица, во која покрај Криви Камен се наоѓале и селата Бараклија, Гиновци, Милутинце и Петралица. Самата Општина Петралица била дел од Кривопаланечката околија. Општината Петралица постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован. Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ.
  9. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]