Крива Лакавица

Координати: 41°42′N 22°09′E / 41.700° СГШ; 22.150° ИГД / 41.700; 22.150
Од Википедија — слободната енциклопедија
Крива Лакавица
Местоположба
Физички особености
УстиеБрегалница
 • надм. вис.
251 м
Должина42 км
Особености на сливот

Крива Лакавица — река во Македонија, лева притока на Брегалница[1]. Извира од северните падини на Градешка Планина јужно од селото Долни Липовиќ, на височина од 570 м, а се влева кај селото Софилари, на височина од 251 м[2]. Долга е 42 км, има течение во правец југ-југоисток - север-северозапад со вкупен пад од 319 м и просечен пад од 7,6 ‰[2]. Сливот зафаќа површина од 425 км2[2]. Во горното течение во делот на теснината Мантово е изградено езерото Мантово[3]. Во однос на протоците на вода има одлики на порои: преку лето пресушува, а при поројни дождови, нивото на водостојот нараснува и до 2 метри при што водата се излива од коритото правејќи огромни штети на околното обработливо земјиште[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иванова, Олга (1982). Месните имиња на областа по сливот на Брегалница. Институт за македонски јазик „К. Мисирков“.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 179.
  3. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија; Edicija učebnici. Нико Компјутери.

41°42′N 22°09′E / 41.700° СГШ; 22.150° ИГД / 41.700; 22.150