Кралство Исланд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кралството Исланд (исландски: Konungsríkið Ísland ; дански: Kongeriget Island) била суверена и независна земја со уставна и наследна монархија, основана со Актот за унија со Данска потпишан на 1 декември 1918 година.[1] Траела до 17 јуни 1944 година кога по резултатите од државниот референдум на негово место била основана Република Исланд. [2]

Според Актот за унија со Данска бил воспоставен личен сојуз, и исландскиот монарх бил истовремено и дански монарх.[1] Парламентот на Исланд побарал Данска да го претставува Исланд на меѓународно ниво, а секојдневните прашања биле делегирани на дански ополномоштеник за исландски прашања со седиште во Рејкјавик, а по германската инвазија на Данска во 1940 година бил назначен регент.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло на данското владеење[уреди | уреди извор]

Со Калмарската унија, Исланд од 1380 година бил под контрола на Данската круна,[3] иако формално до 1814 година бил норвешка територија.[4] Во 1874 година, илјада години по првото документирано населување на островот, Данска на Исланд му одобрила домашно владеење. Уставот, напишан истата година, бил ревидиран во 1903 година, а степенот на домашно владеење со Исланд било проширено во 1904 година.[5] Министерот за исландски прашања, кој живеел во Рејкјавик, бил одговорен пред Алтинг, исландскиот парламент. 

Основање на кралството[уреди | уреди извор]

На 1 декември 1918 година, со Актот за унија, Данска го признала Исланд како целосно суверена држава, независна држава во личен сојуз со Данска и заеднички монарх. Кралството Исланд усвоило свое знаме и грб и побарало во негово име Данска да ги застапува во надворешните работи и одбранбените интереси. Исланд својата прва амбасада ја отворил во 1920 година. Во 1940 Актот за унија бил ревидиран и можело да се поништи ако во рок од три години не се постигне договор за негово продолжување.[6]

Втора светска војна, британска окупација и создавање на република[уреди | уреди извор]

Во текот на првата година од Втората светска војна, Исланд бил неутрален и преземал акции против британските и германските сили кои ја прекршувале независноста. По германската инвазија и окупација на Данска од 9 април 1940 година односите меѓу Исланд и Данска се влошиле.[1] Затоа, на 10 април, Алтинг усвоил две резолуции со кои изјавиле дека Исланд ќе ја преземе целосната одговорност за својата надворешна политика и одбрана. На 10 мај 1940 година, Обединетото Кралство со своите воени сили започнале инвазија на Исланд (Операцијата форк). [1] Владата на Исланд испратила протестна нота против, како што го нарекла „флагрантното кршење“ на исландската неутралност. На денот на инвазијата, премиерот Херман Јонасон прочитал радио соопштение во кое им наложува на Исланѓаните да ги третираат британските трупи како гости. На 15 мај 1941 година, Алтинг усвоил закон со кој Свејн Бјорнсон се назначува за регент за да ја претставува монархијата.[1] Во 1941 година, Владата на Исланд побарала од САД (кои тогаш биле неутрални) да ја преземат нивната одбрана, и по прифаќањето била прекината окупацијата на Исланд. Одбраната на Исланд бил прв ангажман на САД во Втората светска војна. 

По референдумот од мај 1944, Исланд на 17 јуни 1944 година станал република. Кралот Кристијан X испратил честитки до исландскиот народ. [7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Halfdanarson, Gudmundur Halfdanarson (2010). The A to Z of Iceland. Scarecrow Press. стр. 23–25. ISBN 978-0810872080.
  2. Van Cleaf, Kristin Van Cleaf (2007). Iceland. ABDO. стр. 7. ISBN 978-1599287843.
  3. Nordstrom, Byron (2000). Scandinavia since 1500. University of Minnesota Press. стр. 147. ISBN 0-8166-2098-9.
  4. Dörr, Oliver (2004). Kompendium völkerrechtlicher Rechtsprechung (German). Mohr Siebeck. стр. 103. ISBN 3-16-148311-1.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „A short history of Alþingi – the oldest parliament in the world“. European Youth Portal (англиски). European Union. Архивирано од изворникот на 2020-05-31. Посетено на 29 November 2018.
  6. Karlsson, Gunnar (15 April 2000). The History of Iceland. University of Minnesota Press. стр. 283–284. ISBN 9780816635894.
  7. Hardarson, Solrun B. Jensdottir (October 1974). „The 'Republic of Iceland' 1940–44: Anglo-American Attitudes and Influences“. Journal of Contemporary History. 9 (4): 27–56. doi:10.1177/002200947400900402. JSTOR 260290.