Конвенција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Конвенција е обврзувачки договор меѓу државите. Конвенцијата е посилна од декларација бидејќи Конвенцијата е правно обврзувачка за владите кои ја потпишале. Кога Генералното собрание на ОН ќе усвои Конвенција, тогаш тоа значи дека е создадена меѓународна норма и стандард. Државите можат да ја ратификуваат Конвенцијата и да се придржуваат до нормите пропишани во неа. Донесено е на Генералното собрание на ОН во 1989 година. Конвенцијата за детски права е признаена од 187 држави во светот.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.