Колнати сме, Ирина

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Колнати сме, Ирина“
РежисерКоле Ангеловски
ПродуцентAцо Петровски
СценаристКоле Ангеловски
Главни улогиВелимир Бата Живоиновиќ
Неда Арнериќ
Мето Јовановски
Ненад Милосављевиќ
Мите Грозданов
Жанрпсихолошка драма
МузикаТомислав Зографски
КинематографијаМишо Самоиловски
МонтажаСпасе Тасевски
ДистрибутерФилмско студио Скопје
Центар ФРЗ Белград
Премиера1973
Времетраење84 минути
ЗемјаСФРЈ СФР Југославија
Јазикмакедонски

Колнати сме, Ирина - македонски филм од 1973 година. Го режирал Коле Ангеловски кој го напишал и сценариото.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Меѓу селските момчиња кои заминуваат во војска е и тукушто оженетиот Дамјан, единствениот син на воденичарот Витан. Младата жена останува во куќата на свекорот. Минуваат денови во познатото секојдневие за двајцата. Упатени еден на друг тие заеднички го носат бремето на работата во воденицата и околу имотот. Во долгите и монотони вечери младата Ирина го посакува враќањето на Дамјан. Честите наминувања на Мечето, селскиот клисар и трговец, ја вознемируваат Ирина. Таа не го поднесува поради невкусните шеги кои алудираат на нејзината младост, убавина, а сепак самотија. Додека Витан собира дрва во планината, Ирина пере на потокот. Водата ја мами и таа се бања. Од грмушките ја гледаат селските момчиња. Ја гледа и Витан обземен од нејзината убавина. Слушајќи ги гласовите на момчињата и самиот фатен во грев, бесен и на нив и на себе, ги гони, гонејќи се и себеси. Заемната привлечност на Витан и Ирина, на еден силен маж и една пожелна жена, се случува спонтано и скоро неминовно во осамата во која живеат. Но, и двајцата, оптоварени со грешноста на желбата која подеднакво ја чувствуваат, наоѓаат сили да ѝ се спротивстават. Не можејќи да ја контролира љубомората, Витан не само што не им допушта на селаните да носат жито за мелење во воденицата, туку и на случајните минувачи им се заканува со истрели. Една ноќ, кога Витан по изминатиот ден во планината каде што беснее сечејќи дрвја се враќа во куќата, паѓаат сите табуa, страста станува посилна од сите забрани... Доаѓа и денот на Дамјановото враќање. Тој во планината ги наоѓа татка си и својата жена кои во љубовен занес не го забележуваат неговото пристигнување. Сведок на целиот настан е и Мечето. Тој доаѓа во воденицата и го известува Витан дека Дамјан се крие во планината. Во воденицата владее молк. Витан и Ирина го очекуваат појавувањето на Дамјан. Најпосле, тој се појавува. Гонет од љубомора и под бремето на неверојатниот грев, тој се однесува како подивен ѕвер. Своето право на маж го покажува силувајќи ја Ирина. Таа му се одмаздува убивајќи го. Витан се враќа од планината. Пред куќата го чека Ирина. Потоа заминува, а за него и за Ирина, а самотијата останува нивни вечен сопатник.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Велимир Бата Живоиновиќ Витан
Неда Арнериќ Ирина
Мето Јовановски Дамјан
Ненад Милосављевиќ Мече
Шишман Ангеловски
Мите Грозданов
Томе Моловски
Симе Илиев

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Татко (Колнати сме, Ирина)“. Кинотека на Македонија. Посетено на 17 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]