Коле Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коле Ангеловски
Роден 14 март 1943(1943-03-14)(81 г.)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Викенд на мртовци
Солунски патрдии
Колнати сме, Ирина
Пусто турско
Ах, љубов моја
Занимање глумец
режисер
сценарист
писател

Коле Ангеловски (р. 14 март 1943) — македонски театарски и филмски глумец, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.

Животописни податоци[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски (десно), 2023 год.

Коле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски уште во раното детство — како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Поши

Како глумец, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги — било да станува збор за теми од современиот живот — “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” — или пак теми од блиската или подалечната историја — “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот

Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.

Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност. Од 1967 година работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 80 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 20 театарски и 40 филмски улоги. Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.

На филмската сцена, како глумец, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад глумец, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.

Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д. Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Република Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.

Животопис[уреди | уреди извор]

Филмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот „До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во „Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот „Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски како глумец има играно во следните филмови:
Година филм Улога
1962 Саша ТВ-филм Владо Треф
1963 Диди и Дади ТВ-филм
1964 Попладне ТВ-филм
1964 Народен посланик ТВ-филм Младен
1964 Кај сидија за прекршување ТВ-филм
1965 Да се дојде и да се остане ТВ-филм Гаса
1965 Седма тура ТВ-филм
1965 Три ТВ-филм Патник кој чека воз
1965 Човек од светот ТВ-филм Никола
1966 По Коњух планина ТВ-филм Пушо
1966 Време љубов ТВ-филм
1966 До победата и по неа ТВ-филм Боро
1966 Среќни умираат двапати ТВ-филм Радолица
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм
1967 Патека ТВ-филм
1967 Тврдина на силеџиите ТВ-филм Петар
1969 Време вез војна ТВ-филм
1969 Итрата вдовица ТВ-филм
1969 Крос кантри ТВ-филм
1969 Прозорци ТВ-филм
1969 Битка на Нретви ТВ-филм Жика
1969 Свеќник ТВ-филм
1970 Храненик ТВ-филм
1971 Жед ТВ-филм Поп Ефтим
1971 Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм Цане
1971 Во гората расне зелен бор ТВ-филм Марказа
1972 Валтер го брани Сараево ТВ-филм
1973 Сутјеска ТВ-филм Станојлов помагач
1973 Пикник на фронтот ТВ-филм Зепо
1975 Го познавате ли Павле Плеша ТВ-филм
1975 Сребреното јаболко ТВ-филм
1975 Светецот од слатина ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1975 Синови ТВ-филм Слуга Трифун
1977 Нели ти реков ТВ-филм
1978 Златни години ТВ-серија
1979 Наши години ТВ-серија Фускултурничарот
1979 Партизанска ескадрила ТВ-филм
1980 Оловна бригада ТВ-филм Стево
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Брановиќ Страхиња ТВ-филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм Сујде
1982 Јужна патека ТВ-филм
1983 Ликвидатор ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984 Комедијанти ТВ-серија Комичар
1984 Го мермираме мојот јастреб ТВ-филм
1986-1989 Македонски народни приказни ТВ-серија
1987 Ајде да се сакаме ТВ-филм Полицаец Гага
1988 Азра ТВ-филм
1988 Луди години ТВ-серија Максим Филиповиќ
1988 Некоја чудна земја ТВ-филм
1989 Собирен Центар ТВ-филм Мачак
1990 Северна грешка ТВ-филм Чавка
1990 Станица на обични возови ТВ-филм
1991 Вонземјаните се криви за се ТВ-филм
1991 Болва в' уво ТВ-филм
1991 Тесна кожа 4 ТВ-филм
1991 Во име на законот ТВ-серија Зајко Кокорајко
1991 ТВ Театар ТВ-серија Полицаец
1992 Дама која убива ТВ-серија Командир
2002 Зона Замфирова ТВ-филм
2003 Време за плачење ТВ-филм
2008-2009 Некој чудни луѓе ТВ-серија
2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм
2011 Нашата мала клиника ТВ-серија Љупче
2015 Незрели цреши ТВ-филм
2016 А болката останува ТВ-филм Жан Батист Валери
2017 Ах, љубов моја ТВ-филм Газдероберот
2022 Затемнување ТВ-филм Монах Живан
2023 Жикина Династија ТВ-филм Максим Филиповиќ

Режисер[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски како режисер ги има режирано следните филмови/серии и претстави:
Година Филм/Серија/Претстава
1973 Колнати сме, Ирина (филм)
1986 Коприварник (претстава)
1986 Солунски патрдии (серија)
1987 Училиште за кловнови (серија)
1987 Театарче лево ќоше (филм)
1988 Викенд на мртовци (филм)
1989 Рекламна бајка (претстава)
1990 Викенд на мртовци (серија)
1991 Македонија може (серија)
1992 Чудовиштата во нашиот град (серија)
1996 Умри машки (претстава)
2003 Време за плачење (ТВ-филм)
2003 Лото, лото (серија)
2004 Неверство во зимска ноќ (филм)
2006 Пусто турско (филм)
2009 Ветар низ тополите (серија)
2009 Балкан бенд ТВ-серија
2009 Седумка, љубов или смрт ТВ-филм
2013 Капетанот Џон Пипал (претстава)
2013 Од кол на кол (претстава)
2015 Три во едно (филм)
2017 Бегај еве ја жена ти (претстава)
2017 Ах, љубов моја (серија)
2018 Не сега драга (претстава)
2019 Лажговци (претстава)
2021 Птица со главата меѓу нозе (претстава)
2022 Паника во Хотел Палас (претстава)
2022 Секс, лаги и љубомора (претстава)

Писател[уреди | уреди извор]

Коле Ангеловски ја има напишано следнава филмографија:

  • 1967 - "Путељак"
  • 1973 - "Колнати сме, Ирина" (филм)
  • 1987 - "Училиште за кловнови" (серија)
  • 2003 - "Време за плачење" (ТВ)
  • 2003 - "Лото, лото" (серија)

Награди[уреди | уреди извор]

  • 2008 — Награда „13 Ноември“
  • Награда „Ристо Шишков
  • 2011 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински
  • 2018 — Награда „Св. Јоаким Осоговски“
  • 2019 — Награда „Киненова“ за особен придонес во филмската уметност
  • 2020 — Награда „Златен објектив“
  • 2020 — награда „13 Ноември“ од областа на културата за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.[1]
  • 2022 — Награда на фестивалот „Денови на Комедија“ во Куманово за најдобра режија за претставата „Паника во Хотел палас“
  • 2023 — Награда „Васил Иљоски“ на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово
  • 2023 — Орден за заслуги за „Република Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА“. Град Скопје. Посетено на 3 декември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]