Клуб Серо Портењо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серо Портењо
Cerro Porteño
Целосно имеClub Cerro Porteño
ПрекариAzulgrana
Основан1 октомври 1912
СтадионГенерал Пабло Рохас Стадион
Асунсион, Парагвај
(Капацитет: 30,000)
ПретседателПарагвај Хуан Хосе Запаг
ТренерУругвај Жорге Фосати
ЛигаПримера Дивизион
Апертура 2012Апертура 2012, 1-ви
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

Клуб Серо Портењо (на шпански: Club Cerro Porteño ) е меѓу најпопуларните парагвајски фудбалски тимови. Тој е од населбата Обреро на главниот град Асунсион.

Со 27 освоени титули во Парагвај тој се наоѓа на 2-ро место по тој показател веднаш зад Олимпија.

Историја[уреди | уреди извор]

Серо Портењо е основан на 1 октомври 1912 година од Сузана Нуњес и други млади студенти. Во тоа време, политичкиот живот во земјата е многу нестабилен, со континуирано непријателство меѓу 2-те водечки партии - Колорадската и Либералната. Како симбол на обединување и пријателството меѓу сите парагвајци основачите на тимот решаваат клупските бои да бидат во боите на двете партии - црвена (на Колорадската партија) и сина (на Либералната партија). Подоцна, за да може тимот да биде припокриен во боите на парагвајското знаме за боја на шорцевите е избрана белата.

Клубот е наречен на рид, крај кој Парагвајската армија постигнала една од најголемите свој победи. Битката се водела помеѓу Аргентинци, родени во Буенос Аирес (т.н. портењос ) во близина на ридот Мбае (на шпански: Серо Мбае , а битката била позната како рид Портењо - или Серо Портењо ) на 19 јануари 1811 година. Иако не добиваат поддршка од Шпанците, чија колонија е земјата, парагвајците сепак успеале да надвладеат над Аргентинците. "Серо Портењо" е познат како "тим на народот", бидејќи голем дел од неговите обожаватели се претставници на работничката класа, додека навивачите на вечниот непријател Олимпија се главно од погорните слоеви на општеството. Поради тоа се смета дека "Серо Портењо" е тимот со најмногу навивачи во земјата.

Со годините "Серо Портењо" се утврдува и се вбројува меѓу доминантните тимови во Парагвај. За сметка на тоа, сепак му недостасуваат меѓународни успеси. Иако има 32 учества на Копа Либертадорес најдобрoтo нивно достигнување се 5-те 1/2-финалиња. Од 4 учества на Копа Судамерикана "Серо Портењо" еднаш стигнал до 1/4-финалето и тоа му е најдобар успех во ова натпреварување.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Парагвај ГМ Роберто Жуниор Фернандес
2 Парагвај ОД Цезар Бенитез
3 Парагвај СР Алексис Гонсалес
4 Парагвај ОД Педро Бенитез
5 Уругвај ОД Матиајас Сорухо (К)
6 Уругвај ОД Гонсало Виера
7 Уругвај ОД Валтер Алберто Лопес
8 Аргентина НП Герман Алемано
9 Парагвај НП Гуљелмо Белтран
10 Парагвај СР Хулио Дос Сантос
11 Парагвај ОД Карлос Бонет
12 Парагвај ГМ Диего Барето
13 Парагвај ОД Виктор Хуго Мареко
14 Аргентина НП Хуан мануел Лусеро
15 Парагвај ОД Луис Кардозо
Бр. Позиција Играч
16 Парагвај СР Фиденсио Овиедо
17 Аргентина СР Џонтан Фабро
18 Парагвај СР Жорге Рохас
19 Аргентина НП Роберто Нани
20 Парагвај НП Алехандро Да Силва
21 Парагвај НП Сантјаго Салседо
22 Аргентина ОД Мариано Углесич
23 Парагвај ОД Карлос Еспинола
24 Парагвај НП Хосе Доминго Салседо
25 Парагвај ГМ Пабло Гавилан
26 Парагвај НП Анхел Ромеро
27 Уругвај НП Ернан Родриго Лопес
28 Парагвај СР Едгар Гонсалес
29 Парагвај НП Оскар Ромеро

Титули[уреди | уреди извор]

  • Примера Дивизион (29) : 1913, 1915, 1918, 1919, 1935, 1939, 1940, 1941, 1944, 1950, 1954, 1961, 1963, 1966, 1970, 1972, 1973, 1974, 1977, 1987, 1990, 1992, 1994, 1996, 2001, 2004, 2005, 2009 Апертура, 2012 Апертура

Надворешни врски[уреди | уреди извор]