Клише

Од Википедија — слободната енциклопедија
Домаќинка

Клише – израз, мисла или дел од уметничко дело кој се премногу се користи, па го изгубил изворното значење или впечаток, па дури и дошол до точка да досадува или нервира, посебно ако некогаш се сметал за значаен или оригинален.[1]

Изразот „клише“ денес често се користи за мисли и постапки кои се очекувани и предвидливи. Клишето обично се омаловажува, иако може да биде и вистинито. Некои клишеа се стереотипи, додека некои едноставно се факти. Често се користат заради комичниот ефект, особено во книжевноста.

Салвадор Дали немал милост спрема клишеата: „Првиот човек кој ги споредил девојчините образи со ружа очигледно бил поет, а првиот кој тоа го повторил веројатно е идиот.“ [2] Меѓутоа, ни тој притоа не бил оригинален, бидејќи всушност го парафразирал Жерар де Нервал: „Првиот човек кој ја споредил жената со ружа бил поет, а вториот бил имбецил.“ [3]

Клишето често отсликува некоја апстракција, базирајќи се на аналогија или претерување заради впечаток, а често се темели на секојдневието. Користењето на клишеата во пишувањето, говорот или расправа, се смета за знак на неискуство или недостаток на оригиналност.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Самиот збор „клише“ доаѓа од францускиот cliché. Во печатарството cliché-то било печатарска плоча составена од печатарски букви. Тоа се нарекува и стереотипија.[4] Имено, кога буквите се сложувале една по една, се исплатело да се излијат во олово цели реченици и фрази кои често се користеле.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gary Blake i Robert W. Bly, The Elements of Technical Writing, str. 85. New York , Macmillan Publishers, 1993. ISBN 0020130856
  2. Dalí, Salvador (1968). „Preface“. Во Pierre Cabanne (уред.). Dialogues with Marcel Duchamp (1987.. изд.). Da Capo Press. стр. 13. ISBN 0-306-80303-8.
  3. Biography and Quotations of Gérard de Nerval
  4. „The Museum of Printing: Collection“. The Museum of Printing.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]