Клеопатра Македонска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не треба да се меша со Клеопатра Евридика, жена на Филип II.
Поврзано Клеопатра (појаснување) за други личности со ова име.

Клеопатра (околу 356 п.н.е.308 п.н.е.), Клеопатра Македонска или Клеопатра Епирска — сестра на Александар Македонски во бракот на Филип II со Олимпија.[1] Принцеза во кралскиот двор а подоцна регент на Епир. Во други блиски роднински врски е со полусестрите Тесалоника Македонска и Кинана, како и полубратот Филип III Македонски.[2]

Израснала во Пела, како принцеза. Во 338 п.н.е., Клеопатра останува во Пела со нејзиниот татко, додека нејзината мајка Олимпија е прогонета во Епир кај нејзиниот молосиски брат Александар I Епирски (вујкото на Клеопатра). Подоцна Филип сакајќи да го зајакне сојузништвото со Александар I Епирски, му ја понудил раката на Клеопатра. Во 334 п.н.е., се одржала голема свадбена свеченост по повод стапувањето во брак на Клеопатра и нејзиниот вујко Александар I Епирски во македонската престолнина Ајга. Токму тогаш бил убиен Филип II. [3]

Веднаш после убиството на Филип II, скоро земените Клеопатра и Александар се враќаат назад во Епир. Набрзо, во нивниот брак се родиле две деца: Неоптолeм II Епирски и Кадмија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Катерина Младеновска-Ристовска (2011). „Vol 9 No 1 (2011): Philological Studies | Philological Studies“. journals.ukim.mk. Недостасува |author1= (help)
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 234. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 698. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]