Референдум за независност на Каталонија (2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Референдум за независност на Каталонија
1 октомври 2017

Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република?
МестоположбаКаталонија,  Шпанија
Исход
Исход
Гласови %
Ок Да 2.044.038 &1000000000000920100000092,01%
Н Не 177.547 &100000000000007990000007,99%
Важечки гласови 2.221.585 &1000000000000971700000097,17%
Неважечки или празни гласови 64.632 &100000000000002830000002,83%
Вкупно гласови 2.286.217 100.00%
Гласачко тело/излезност 5.313.564 &1000000000000430300000043,03%
Извор: Влада на Каталонија[1]

Референдум за независност на Каталонија од 2017 година — референдум за независност одржан на 1 октомври 2017 година во шпанската автономна заедница Каталонија, усвоен од Парламентот на Каталонија како Закон за референдумот за самоопределување на Каталонија и свикан од Генералитатот на Каталонија.[2]

Референдумот бил прогласен за неуставен на 7 септември 2017 година и бил суспендиран од Уставниот суд на Шпанија по барање на шпанската влада, која посочила дека го крши шпанскиот устав.[3] На почетокот на септември, Врховниот суд на правдата на Каталонија ѝ наредил на полицијата да се обиде да го спречи референдумот, вклучувајќи притворање на одговорните за неговата подготовка.[4] Поради наводни нерегуларности при процесот на гласање, како и употребата на сила од страна на Националниот полициски корпус и Граѓанската гарда, меѓународните набљудувачи поканети од Генералитатот изјавиле дека референдумот не ги исполнува минималните меѓународни стандарди за избори.[5]

Референдумското прашање, на кое гласачите можеле да одговорат „да“ или „не“, гласело: „Дали сакате Каталонија да стане независна држава во форма на република?“. За опцијата „да“ гласале 2.044.034 (92,01%), а за опцијата „не“ гласале 177.547 (7,99%), со излезност од 43,03%.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Catalan referendum results“. Government of Catalonia. 2 октомври 2017. Архивирано од изворникот на 6 октомври 2017. Посетено на 3 октомври 2017.
  2. Jones, Sam (6 септември 2017). „Catalonia to hold independence vote despite anger in Madrid“. The Guardian. Посетено на 16 октомври 2017.
  3. „Spain Catalonia: Court blocks independence referendum“. BBC News. 8 септември 2017. Посетено на 18 октомври 2017.
  4. Carranco, Rebeca; García, Jesús (21 септември 2017). „La justicia desmonta la organización del referéndum ilegal de Cataluña“. El País (шпански).
  5. Colomé, Jordi Pérez (3 октомври 2017). „La misión de observadores concluye que el referéndum no cumple los "estándares internacionales". El País (шпански).