Камило Хосе Села

Од Википедија — слободната енциклопедија
Камило Хосе Села
Camilo José Cela
Роден/аКамило Хосе Села и Трулоцк
11 мај 1916(1916-05-11)
Ириа Флавиа, Галисија, Шпанија
Починат/а17 јануари 2002(2002-01-17) (возр. 85)
Мадрид, Шпанија
Почивалиштегробиштата во Ириа Флавија
ЗанимањеРоманописец, раскажувач, есеист
ЈазикШпански
Книжевно движењеГенерација од '36
Значајни делаСемејството на Паскуал Дуарте, Кошница
Значајни наградиНобелова награда за литература, 1989
Сопруг/аМарија дел Росарио Конде Пицавеа(о.1944–до 1990)
Марина Концепцион Цастано Лопес(о. 1991–2002)
(почината)
ДецаКамило Хосе Цела Канде

Камило Хосе Села е роден во Ирија Флавија, Падрон, Шпанија. Пред да стане професионален писател, Села студирал на Универзитетот во Мадрид, каде што се стекнал со диплома по право. Исто така учествувал во Шпансата граѓанска војна, сè додека не се здобил со повреда од рачна граната и е ослободен.

Животопис[уреди | уреди извор]

По војната, Села се посветил на новинарска работа, како и на неколку други, претежно бирократски работи, вклучувајќи го и работното место на критичар. Во 1944 година се оженил за Марија дел Росарио Конде Пикавеа, со којашто во 1946 година го добива синот Камило Јозе Села Конде, вториот маркиз од Ирија Флавија. Во 1957 година е назначен за член на Real Academia Espanola. Села бил именуван и за маркиз на Ирија флавија од страна на кралот Хуан Карлос I. Назначен бил и за Кралски сенатор во Уставниот суд. Починал во Мадрид од хронично заболување на 17 јануари 2002 година, на 84-годишна возраст.

Камило Хосе Села (десно) во 1988 година.

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот свој роман, „Семејството на Паскал Дуарте“, Села го објавил во 1942 година, на 26-годишна возраст и овој роман има особено значење поради учеството во оформувањето на повоениот шпански роман. Тој објавувил и две патувачки книги, „Патување во Ла Алкарија“, 1948 година и „Од Мињо до Бидасоа“, 1952 година. Најпознато дело на Села е „Кошница“, објавено во 1951 година, кое што се одликува со повеќе од 300 личности, а со чијшто стил се покажува влијанието на шпанскиот реализам. Од крајот на 60-тите години на XX век, со објавувањето на „Сан Камило“ во 1936 година, Села започнал со експериментирање. На пример, во 1988 година го пишува делото „Христос против Аризона“.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1989 година ја добил Нобеловата награда за литература. Во 1995 година ја добил наградата „Сервантес“. Во 1994 година ја добил наградата Premio Planeta.

Наводи[уреди | уреди извор]