Ице

Координати: 52°27′58″N 10°12′14″E / 52.46611° СГШ; 10.20389° ИГД / 52.46611; 10.20389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ице
Воздушен поглед на Ице
Воздушен поглед на Ице
Воздушен поглед на Ице
Грб на Ице
Ице во рамките на Германија
Ице
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Градоначалник Вернер Бакеберг (СДП)
Основни податоци
Површина 140,56 км2
Надм. височина 51 м
Население 20.272 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 144 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 31311
Повик. бр. 05147, 05173 (Uetze), 05177, 05175
Портал uetze.de
Местоположба на Ице во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати 52°27′58″N 10°12′14″E / 52.46611° СГШ; 10.20389° ИГД / 52.46611; 10.20389

Ице (германски: Uetze) — општина во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Фузе, околу 35 километри источно од покраинскиот главен град Хановер.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ице се наоѓа на јужниот раб од Линебуршкото Поле. Сместен е на реките Фузе и Ерзе, кои извираат од подножјето на Харц и течат кон север. Северозападно од Ице, реката Ерзе се влева во Фузе, која кај Целе се влева во Алер.

Општината зафаќа површина од околу 140 км².

Општински единици[уреди | уреди извор]

Општината се состои од местата (порано самостојни општини) Алтмердингсен, Деденхаузен, Долберген, Елце, Хенигсен, Катенсен, Оберсхаген, Швиблингсен, како и самото место Ице и има вкупно околу 22.000 жители.

Секое место поседува свој месен совет.

Кон општината Ице припаѓаат и имотите Аббајле, Бенроде, Даренхорст и Вакервинкел.

Историја[уреди | уреди извор]

Ице бил првпат споменат во 1022 година како „Утисон“. Името потекнува од владејачката куќа „фон Утенсен“. Од 1552 до 1885 година, Ице бил поседуван од фогтот во Мајнерсен. Ице бил означен како пазарен град во 1695 година.

На 21 април 1863 година, скоро целиот Ице бил уништен во пожар. Доброволната противпожарна бригада била основана на 5 јуни 1880 година.

Ице некогаш го користел долногерманскиот јазик, но стандардниот германски јазик целосно го заменил. Постои активна заедница на долногермански говорници во Елце.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патот Б188 ја пресекува областа од исток на запад, поврзувајќи го Ице и Алтмердингсен со Бургдорф и Гифхорн. Патиштата Б214 и Б444 го поврзува со Целе, Брауншвајг и Пајне.

Селата Долберген и Деденхаузен имаат железнички станици на железничката линија Берлин-Лерте, која е опслужувана од регионалните возови од Хановер до Волфсбург.

Општината е поврзана со Бургдорф и Лерте преку автобуските линии 910, 920, 930 и 946. Линиите 938 и 950 возат во рамките на самата општина.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]