Игнатиј II (охридски архиепископ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игнатиј II
Архиепископ од околу 1675
Архиепископ до околу 1675
Претходник Нектариј
Наследник Григориј III
Роден
Починал 17 век
Други архиепископи со име Игнатиј

Игнатиј II бил православен свештеник и охридски архиепископ во период во 1675 година.[1]

Во 1676 година, јеромонахот Теофан го ракоположил за митрополит на Гревена. Во септември истата година од архиепископскиот престол бил симнат истиот тој Теофан, кој неканонски се качил на престолот. Во истиот акт за детронизација, Игнатиј II бил окаректизиран како прост и без црковно искуство. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 194. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)