Иван Карадак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Карадак
Роден(а)16 јули 1946
Охрид, Македонија Македонија
Починал(а)17 декември 2017
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањесатиричар и драматург

Иван Карадак (16 јули 1946, Охрид - Скопје, 17 декември 2017) — македонски писател, драматург и сатиричар, нарекуван таткото на модерната македонска сатира. Најпознат бил по емисијата „Хихирику" што секоја недела одела на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Животопис[уреди | уреди извор]

Карадак бил автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други. Автор бил и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “. Бил автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпата “, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балкан бенд”, "Во кафулето кај Гане", "Црно бело во боја", "Театарче лево ќоше", "Битолски лакрдии" и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“. Негова ќерка е македонската писателка Марта Маркоска.[1] Починал во Скопје на 17 декември 2017 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]