Иван Крилов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Иван Андреевич Крилов)
Иван Андреевич Крилов
Портрет на Крилов од Карл Бриулов, 1839
Роден/а13 февруари 1769(1769-02-13)(255 г.)
Москва
Починат/а21 ноември 1844(1844-11-21) (возр. 75)
Санкт Петербург, Руско Царство
ПочивалиштеТихвински гробишта, Лавра на свети Александар Невски
ПсевдонимНави Волирк
Занимањепоет, баснописец, драматург, романописец, новинар, издавач, преведувач
Јазикруски
ДржавјанствоРуско Царство
Жанрбасни, драми, поезија, проза
Значајни наградиОрден на Свети Станислав (Руска Империја), Орден Света Ана
Години на активност1786-1843

Иван Андреевич Крилов (руски: Ива́н Андре́евич Крыло́в ); (Москва, 13 февруари 1769Санкт Петербург, 21 ноември 1844) – руски поет и баснописец. Бил соработник на Кралската народна библиотека, член на Руската императорска академија, академик на императорската академија на науките за руски јазик и книжевност.

Автор е на повеќе од 200 басни. Во првата половина на XIX век се издадени во 9 дела и распродадени во многу голем тираж. Содржината на некои од нив личат на басните на Езоп и Лафонтен, а има и многу оригинални.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден бил во Москва, но детството го поминал во Оренбург и Твер. Неговиот татко, истакнат воен офицер, се повлекол од служба во 1775 година и починал во 1779 година оставајќи го семејството сиромашно. Неколку години подоцна Крилов со мајка си се преселиле во Санкт Петербург со надеж да обезбедат владина пензија. Таму, Крилов добил позиција во државна служба, но ја напуштил по смртта на неговата мајка во 1788 година. Неговата книжевна кариера почнува во 1783 година кога на издавач му го продал делото „Кофеиница“ што го напишал на 14 години, но тоа не било издадено. Добил шеесет рубљи кои ги заменил за дела на Молиер, Расин и Боало и веројатно под нивно влијание ги напишал неговите други драми, од кои неговата „Филомела“ не била објавена до 1795 година.

На почетокот на 1789 година, Крилов трипати се обидел да издава книжевно списание, но ниедно од нив не постигнало позначаен тираж и не траело повеќе од година дена. И покрај неуспехот, сатирата и хуморот на неговите комедии му помогнале на авторот да добие признание во книжевните кругови. Околу четири години (1797-1801), Крилов живеел на имотот на кнезот Сергеј Галицин и кога кнезот бил назначен за воен губернатор на Ливонија, тој го придружувал како секретар и учител на неговите деца, а во 1803 година ја напуштил оваа позиција. Малку е познато за него во годините по тоа, освен прифатениот мит дека лутал од град до град играјќи карти. Во 1806 година стигнал во Москва, каде на Иван Дмитриев, поет и раскажавуч, му ги покажал своите преводи на две од Лафонтеновите басни, „Дабот и трската“ и „Пребирливата невеста“, а тој го охрабрил да продолжи да пишува. Наскоро, тој се преселил во Санкт Петербург и му се вратил на пишувањето со поголем успех, особено со изведбите на „Модна продавница“ и „Лекција за ќерките“. Во нив сатирично е прикажано тоа што на благородништвото им е привлечно сè што е француско, мода од која се гнасел целиот свој живот.

Првата збирка на Крилов, 23 на број, излегла во 1809 година и била примена со такво воодушевување што тој го престанал да пишува драми за да пишува басни. До крајот на неговата кариера завршил некои 200, постојано ревидирајќи ги со секое ново издание. Од 1812 до 1841 година бил вработен во Царската јавна библиотека, прво како помошник, а потоа како раководител на Рускиот книжен оддел, не многу изискувачка позиција така што имал многу време за пишување. Бил опсипан со почести како признание на неговата растечка репутација: Руската академија на науките го примила како член во 1811 година и во 1823 година му доделила златен медал; во 1838 година се одржала голема прослава во негова чест под царско покровителство и царот Николај, со кого бил во пријателски односи, му ветил великодушна пензија.

По 1830 година пишувал малку и сè повеќе водел седечки живот. Раскажани се мноштво полулегендарни приказни за неговата мрзливост, неговата лакомост и нечистотија во која живеел, како и неговите духовите и остроумни одговори. Кон крајот од неговиот живот Крилов претрпел две церебрални хеморагијахеморагии и царицата го зела да закрепне во дворецот Павловск. По неговата смрт во 1844 година, бил погребан до неговиот другар и колега библиотекар Николај Гнедич на Тихвинските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]