Зороастризам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фаравахар (крилесто сонце), симбол на зороастризам во древната Персија

Зороастризмот, позната и како заратустризам или маздаизам — древна иранска религија и филозофско учење. Зороастризмот бил државна религија во Ахеменидската, Партската и Сасанидското Царство. Бројот на следбеници на зороастризмот со текот на времето опаднал и денес се проценува дека во светот има од 145.000 до 2,6 милиони следбеници.[1]

Религијата настанала во источните делови на Персија, пред повеќе од 1000 година п.н.е. Религијата е унифицирана од филозофот Зороастер, кој ја упростил идејата на раното иранско многубожество.[2] Така, тој во основа ги воспоставил двете спротивставени сили: Ахура Мазда (просветлената мудрос) и Ариман (разорниот дух). Религијата имала влијание врз подоцнежните религии, како штосе Јудаизмот, Христијанството и Исламот.[3]

Преглед[уреди | уреди извор]

Верата е основана во Персија (денешен Иран), пред околу 1000 години п.н.е. Долго време била доминантна религија во Персија сè до 7 век. Својот пропаст го доживува во времето на Сасанската династија. Некои следбеници оваа религија ја нарекуваат маздаизам. Главниот пророк бил Зороастер или Заратустра. Светата книга на зороастрите се нарекува Авеста, во којашто се објаснува за борбите што се водат помеѓу доброто и злото.

Авеста е име на древните крипти на Зороастрицизмот како и назив за стариот јазик кои верниците се го употребувале во тоа време.

Друга Зороастристичка книга која се издвојува е Денкарта, во која е опишан подетално животот и делото на пророкот Зороастер, како и неговата борба против демоните.

Оваа вера има околу 140.000 следбеници. Повеќето од нив живеат во Иран и Индија.

Зороастриската етика се состои од добри мисли, добри зборови и добри дела. Луѓето по својата смрт го преминуваат мостот што води во пеколот. Ако верниците во текот на својот живот биле лоши, мостот ќе се сруши и тие ќе пропаднат во пеколот. Наспроти нив, праведниците ќе го пронајдат патот до Светлоста.

Во зороастричките храмови постојано гори оган, што го симболизира Ахура Мазда. Свештениците си ја покриваат устата додека го одржуваат жртвениот оган.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Major Religions of the World Ranked by Number of Adherents Архивирано на 15 јуни 2008 г. retrieved 14 April 2013
  2. Boyce 1979, стр. 6–12.
  3. Hinnel, J (1997). The Penguin Dictionary of Religion. Penguin Books UK.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]