Зимски олимписки игри 1964

Од Википедија — слободната енциклопедија
IX Зимски олимписки игри - Инсбрук 1964
IX Зимски олимписки игри - Инсбрук 1964
Град домаќин Инсбрук, Австрија
Број на држави 36
Број на спортисти 1091 (892 мажи и 199 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 34
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 9 февруари 1964
Стадион

IX Зимске олимпијске игре се одржале од 29 јануари до 9 февруари 1964 година во Инсбрук, Австрија.

Организаторите имале големи потешкотии во организацијата, поради недостигот на снег. Војската помогнала да се донесат 20.000 ледени коцки од планините за подготвување на патеката за натпреварите во боб и 40.000 м3 снег за скијачките патеки.[1] За да биде уште полошо, десетина дена пред почетокот на игрите преовладувало невообичаено топло време, а врнело и дожд, но сепак подготовките биле навремено завршени и имало услови за натпреварување.

Ова биле првите Зимски олимписки игри на кои олимпискиот оган бил запален во древната Олимпија во Грција. Оттогаш, ова било својствено за сите Зимски олимписки игри.

Во спортската програма бил воведен спортот санкање, а во скијачки скокови било додадено натпреварување на различна скокалница. Во алпско скијање, за првпат остварените времиња биле мерени до стоти дел од секундата.

Избор на град-домаќин[уреди | уреди извор]

Инсбрук бил избран за град-домаќин на игрите на 55. седница на МОК, која се одржала на 26 мај 1959 година во Минхен. Останати кандидати за организација на игрите биле Калгари и Лахти.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1964[2]
Град Земја Прв круг
Инсбрук  Австрија 49
Калгари Канада 9
Лахти  Финска -

Краток преглед[уреди | уреди извор]

  • Лидија Скобликова од Советскиот Сојуз освоила златни медали во сите четири дисциплини во брзо лизгање (во трките на 500, 1000, 1500 и 3000 m), притоа поставувајќи 3 Олимписки рекорди.
  • Италијанскиот натпреварувач во боб, Еуџенио Монти, забележал дека на конкурентската двојка од Велика Британија им се скршила санката, па им ја позајмил својата. По завршувањето на трката, Британците го освоиле златниот медал, а Монти бронзениот. Кога новинарите го запрашале зошто им помогнал на Британците, тој им одговорил дека тие не победиле поради тоа што тој им ја позајмил санката, туку поради тоа што најбрзо ја извозеле патеката. Меѓународниот олимписки комитет го вовел медалот „Пјер де Кубертен“ и на Зимските олимписки игри и за овој спортски гест, Монти станал првиот добитник на оваа награда за заслуга на Зимските олимписки игри.
  • Во алпско скијање, сестрите Кристине и Мариеле Гоичел ги зазеле првото и второто место во дисциплините слалом и велеслалом, но со обратен редослед.
  • Кавдија Бојарских од Советскиот Сојуз освоила три златни медали во скијачко трчање, а во машка конкуренција два освоил финскиот скијач Еро Мантиранта, по што го добил прекарот „г. Зеефелд“.

Спортови[уреди | уреди извор]

Натпреварувачите на игрите биле одликувани со медали во 34 дисциплини во 6 спортови. За првпат на игрите биле доделени медали во санкање. По пауза од две Олимпијади, на игрите повторно имало демонстративен спорт, а тоа бил спортот ајсшток (варијанта на спортот карлинг).

Земји-учеснички[уреди | уреди извор]

На игрите во Инсбрук се нтпреварувале 1091 натпреварувач од 36 земји. За првпат на Зимските олимписки игри учествувале: Индија, Монголија и Северна Кореја. СФР Југославија се вратила на игрите, откако последен пат учествувала на игрите во 1948 година. Спортистите од Западна и Источна Германија за последен дел нстапиле како дел од Обединетиот тим на Германија.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 СССР СССР 11 8 6 25
2  Австрија 4 5 3 12
3  Норвешка 3 6 6 15
4  Финска 3 4 3 10
5  Франција 3 4 0 7
6 Германија 3 3 3 9
7  Шведска 3 3 1 7
8  САД 1 2 3 6
9  Холандија 1 1 0 2
10 Канада 1 0 2 3

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Инсбрук 1964, МОК
  2. „The International Olympic Committee Vote History“. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 2010-02-09.

Надворшни врски[уреди | уреди извор]