Зимбабве на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зимбабве на Олимписките игри

Знаме на Зимбабве
МОК-код  ZIM
НОК Олимписки комитет на Зимбабве
Порталwww.zoc.co.zw
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
* Како Родезија

Зимбабве првпат учествувал на Олимписки игри под сегашното име во 1980 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на сите изданија на Летните олимписки игри. Претходно, земјата настапувала на игрите по името Родезија во 1928, 1960 и 1964 година. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, Зимбабве за првпат настапил на Зимски олимписки игри.

Спортистите на Зимбабве освоиле вклупно осум олимписки медали – три златни, четири сребрени и еден бронзен медал – во два спорта. Седум од медалите ги освоила пливачката Кирсти Ковентри во 2004 и 2008; а останатиот медал бил резултат на изненадувачката победа на репрезентацијата на Зимбабве во хокеј на трева на игрите во 1980 година.

Националниот олимписки комитет на Зимбабве е основан во 1934 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1980 година.

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Медали на Летни олимписки игри[уреди | уреди извор]

Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
Холандија Амстердам 1928 2 0 0 0 0 -
1932–1956 не учествувале
Италија Рим 1960 14 0 0 0 0 -
Јапонија Токио 1964 29 0 0 0 0 -
Мексико Мексико 1968 не учествувале
Западна Германија Минхен 1972
Канада Монтреал 1976
СССР Москва 1980 42 1 0 0 1 23
САД Лос Анџелес 1984 15 0 0 0 0 -
Јужна Кореја Сеул 1988 29 0 0 0 0 -
Шпанија Барселона 1992 19 0 0 0 0 -
САД Атланта 1996 13 0 0 0 0 -
Австралија Сиднеј 2000 16 0 0 0 0 -
Грција Атина 2004 12 1 1 1 3 49
Кина Пекинг 2008 13 1 3 0 4 38
Обединето Кралство Лондон 2012 7 0 0 0 0 -
Вкупно 3 4 1 8 70

Медали на Зимски олимписки игри[уреди | уреди извор]

Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
Русија Сочи 2014 1 0 0 0 0 -
Вкупно 0 0 0 0 -

Медали по спорт[уреди | уреди извор]

Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Пливање 2 4 1 7
Хокеј на трева 1 0 0 1
Вкупно 3 4 1 8

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Медал Натпреварувач Игри Спорт Дисциплина
 Златен Хокеј на трева тим СССР Москва 1980 Хокеј на трева женска конкуренција
 Златен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Грција Атина 2004 Пливање 200м грбно
 Златен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Кина Пекинг 2008 Пливање 200м грбно
 Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Грција Атина 2004 Пливање 100м грбно
 Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Кина Пекинг 2008 Пливање 400м мешано
 Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Кина Пекинг 2008 Пливање 100м грбно
 Сребрен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Кина Пекинг 2008 Пливање 200м мешано
 Бронзен Ковентри, КирстиКирсти Ковентри Грција Атина 2004 Пливање 200м мешано

Историја[уреди | уреди извор]

Јужна Родезија (сега Зимбабве) првично настапила како Родезија на Летните олимписки игри 1928 во Амстердам. Родезија потоа била отсутна од игрите сè до 1960 година кога Федерацијата на Родезија и Њасаленд се натпреварувала под името Родезија на Летните олимписки игри 1960 во Рим. Јужна Родезија потоа повторно настапила под името Родезија на следните олимписки игри во Токио.[1] Земјата на тој начин секогаш се натпреварувала како британска територија. Земјата немала можност да настапи на игрите во 1968 во Мексико, поради толкувањата на мексиканската влада на прописите на пасошите.[2] По декларацијата за независност на Ијан Смит за независна Родезија во 1970 година, државата повеќе не настапила на олимписки игри. Иако се вратила да се натпреварува на игрите во 1972 во Минхен, Родезија била отстранета од Меѓународниот олимписки комитет четири дена пред церемонијата на отворање на игрите, под притисок на другите африкански држави, кои не ја признавале легитимноста на родезиската држава и се заканиле со бојкот на игрите. Наследникот на државата, Зимбабве, своето олимписко деби го остварил на игрите во 1980 во Москва.

Родезија никогаш не учествувала на Зимски олимписки игри, и ниту еден родезиски натпреварувач не освоил олимписки медал.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Results and Medalists“. Olympic.org. International Olympic Committee. Посетено на 18 February 2014.
  • „Zimbabwe Olympic Committee“. Olympic.org. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 18 February 2014.
  1. „Official Olympic reports“. Архивирано од изворникот на 2007-06-12. Посетено на 2015-11-11.
  2. "1972: Rhodesia out of Olympics", ББС
  3. Official website of the Olympic movement