Загадување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Загадување на воздухот од оџаците на фабриките.

Загадување претставува внесување на нови и некарактеристични материи во животната средина, како и зголемување на нивото на нормалната концентрација на веќе постоечките материи во истата. Загадувањето може да биде предизвикано од природни и човечки извори.

Видови на загадување[уреди | уреди извор]

Директни објекти изложени на загадување се водата, воздухот и почвата. Индиректни објекти на загадување се луѓето, растенијата и животните. Постојат неколку основни видови на загадување на животната средина:

Хемиско загадување[уреди | уреди извор]

1. Неоргански јони → Cd, Pb, Zn, Mg, Hg итн.

  • олово → во бензинот - атмосфера → денес во почвата → храна
  • кадмиум → таму каде се среќава и оловото → секундарен загадувач покрај оловото
  • жива → во првата или втората генерација на пестициди

2. Органски загадувачи

3. Органометални соединенија → метилжива

4. Радиоактивни изотопи

5. Гасови