Заветрени Острови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Заветрените Острови се островска група во северниот дел на Малите Антили, источно од Порторико. Се протегаат јужно до Доминика, каде се дел од Западните Инди. Сместени се во североисточниот дел на Карипското Море, кајшто морето се спојува со западниот дел на Атлантскиот Океан. Јужниот дел од архипелагот Мали Антили се нарекува Приветрени Острови. Овие острови се под управа на разни држави, зависно од нивната територијална надлежност.

Име[уреди | уреди извор]

Островите се нарекуваат „заветрени“ бидејќи воздушните струења продираат главно од исток (пасати) и со тоа се во заветрина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во дамнешни времиња, домордни жители на островите биле Карибјаните (по кои се наречени и самите Кариби), како и народот Таинци. Некои од нивните потомци и денес сживеат на островите.

Овие острови биле меѓу првите територии што потпаднале под власта на Шпанската империја. Првите контакти со мештаните ги остварил Кристофер Колумбо за време на неговото второто патување, и токму од ова време датираат многу од топонимите на островите.

Острови[уреди | уреди извор]

Поглед на Сенди Граунд, Ангвила
Поглед на Шарлота Амалија на островот Сент Томас, Американски Девствени Острови

Од северопазад кон југоисток:

Тука може да се вклучи и малиот оддалечен остров Авес.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]