Жолтоклун лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жолтоклун лебед
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Anseriformes
Семејство: Гусковидни
Потсемејство: Anserinae
Племе: Cygnini
Род: Лебед
Вид: C. cygnus
Научен назив
Cygnus cygnus
(Linnaeus, 1758)

     Лето      Повремено      Зима

Жолтоклун лебед, (научно име: Cygnus cygnus), ― голем лебед од северната полутопка. Го има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Жолтоклуниот лебед по надворешност е сличен со Тундричниот лебед. Тој е поголем, висок од 140 до 165 см., со распон на крилата од 205 до 275 см. Тежи вообичаено од 7,4 до 14 килограми, мажјаците просечно од 9,8 до 11,4 килограми, а женките 8,2 до 9,2 килограми. Посведочена рекордна маса е 15,5 килограми на еден лебед во Данска. Тој се смета за една од најтешките летечки птици.[2][3] Жолтоклуниот лебед има должина на тетивата на крилото од 56,2 до 63,5 см, писката (тарзусот) му е долг од 10,4 до 13 см, а клунот од 9,2 до 11,6 см.[4] Овој лебед има поаглеста форма на главата и подекориран клун кој е повеќе жолт отколку црн.

Три жолтоклуни и еден црвеноклун лебед

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Жолтоклуните лебеди бараат пошироки водени пространства каде ќе живеат, зашто нозете не можат да ја издржат нивната телесна маса, особено додека растат, па во тој период се постојано во вода и пливаат. Во водата и се прехрануваат, јадејќи од водните растенија достигнувајќи ги длабоко, со својот долг врат.[5]

Поведение[уреди | уреди извор]

Жолтоклуните лебеди испуштаат длабок трубечки звук, и покрај нивната големина, тие се одлични летачи. Тие може да прелетаа стотици па дури и илјадници километри за да презимат во јужните краишта. Се гнездат во тајгите, во субарктичка Евроазија. Повремен посетител е на Индискиот субконтинент[6] и западна Северна Америка. Исландските гнездачи презимуваат во Велика Британија и Ирска, особено во природниот резерват Кралско друштво за заштита на птиците.

Жолтоклуните лебеди се моногамни, се спаруваат за цел живот. Нивните пајчиња остануваат со родителите цела зима, па дури понекогаш ги придружуваат младенчињата од претходните години. Сакаат да се гнездат на влажни места, но полуприпитомените птици ќе го изградат своето гнездо било каде во близина на вода. Двајцата родители подеднакво се вложуваат при изградбата на гнездото, а мажјакот стои како стражар до женката додека таа ги лежи јајцата. Излегнуваат вообичаено 4 до 7 јајца (вонредно до 12 јајца). Пилињата се излегнуваат по 36 дена и имаат сиви или кафени перја, а пролетуваат по 120 до 150 дена.

Влијание[уреди | уреди извор]

Жолтоклуните лебеди се обожувани во Европа.[5] Овој лебед е национална птица на Финска и ја имаат на монетата од 1 евро.

При глобалното ширење на птичјиот грип (вирусот H5N1) во Велика Британија пристигна во април 2006 во форма на мртов жолтоклун лебед пронајден во Шкотска.[7]

Музичкиот израз на жолтоклуниот лебед во моментот на смртта се смета за основа на легендата за лебедовата песна.[се бара извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Cygnus cygnus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Brazil, Mark, The Whooper Swan. Christopher Helm Ornithology (2003), ISBN 978-0-7136-6570-3
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  4. Madge, Steve, Waterfowl: An Identification Guide to the Ducks, Geese, and Swans of the World. Houghton Mifflin Harcourt (1992), ISBN 978-0-395-46726-8
  5. 5,0 5,1 Mondadori, Arnoldo, уред. (1988). Great Book of the Animal Kingdom. New York: Arch Cape Press. стр. 182. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Mondadori“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-02-03. Посетено на 2013-04-04.
  7. „Bird flu swan was from outside UK“. BBC News. April 11, 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]