Жабри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешни жабри кај тритон
Внатрешни жабри кај туна

Жабрите се дишни органи кај речиси сите водни животни. Тие служат за екстракција на кислородот од водата и за екскреција на јаглерод диоксид.

Жабрите се набрани творби во кожата на животното, и, со исклучок на некои водни инсекти, содржат крв или целомска течност преку кои се разменуваат гасовите низ нивните тенки ѕидови. Кај водните инсекти се среќава единствен вид на жабри, познати како трахеални, кои содржат воздушни ќесиња. Кислородот од овие ќесиња се возобновува преку жабрите.

Генерално, постојат два вида на жабри, и тоа внатрешни (во внатрешноста на телото) и надворешни (излегуваат од телото при што јасно се забележуваат).