Епицентар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Епицентарот се наоѓа директно над хипоцентарот на земјотресот (исто така наречен жариште).

Епицентар е точка на Земјината површина каде што земјотресот најсилно се чувствува. Се наоѓа вертикално точно над хипоцентарот, односно тоа е ортогонална проекција на хипоценарот на површината на Земјата.

Епицентрална оддалеченост[уреди | уреди извор]

Оддалеченоста помеѓу епицентарот и хипоцентарот се вика „жаришна длабочина“.