Елвис Пресли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елвис Пресли
Црно бела фотографија од Боб Марли на сцена со гитара
Животописни податоци
Родено имеЕлвис Арон Пресли
Роден(а)8 јануари 1935(1935-01-08)
Тупело, Мисисипи, САД
Починал(а)16 август 1977(1977-08-16) (возр. 42)
Мемфис, САД
ЖанровиРокенрол, поп, Рокабили, Кантри, Госпел, Ритам и блуз
ЗанимањаПејач, Глумец
ИнструментиВокали, гитара, Пијано
Период на активност1953 — 1977
ИздавачиSun Records, RCA Records, HMV
СоработнициThe Blue Moon Boys, The Jordanaires, The Imperials, Million Dollar Quartet
Мреж. местоElvis.com

Елвис Арон Пресли (англиски: Elvis Aaron Presley; во Македонија погрешно познат и како „Присли“) (8 јануари 193516 август 1977), исто така познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот (англиски: The King) — американски пејач чиј ефект на светската популарна култура може да се спореди само со оние на „Битлси“ и Мајкл Џексон. Тој ја почнал кариерата под името Хилбили Мачорот и набрзо добил прекар Елвис Пелвис заради неговиот сексуално сугестивен стил на изведба. По бројот на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар.

Елвис Пресли[уреди | уреди извор]

Роден во Тупело, Мисисипи, Пресли се пресели заедно со неговото семејство во Мемфис, Тенеси на 13 годишна возраст. Тој таму ја започна својата кариера во 1954 година, работејќи со сопственикот на „Sun Records“, Сем Филипс, кој сакаше да го прикаже звукот на афроамериканската музика на пошироката публика. Придружуван од гитаристот Скоти Мур и басистот Бил Блек, Пресли беше најважниот промотор на рокабили, спој со брзо темпо на кантри-музика и ритам и блуз. АРК Виктор му понудија договор во соработка со полковникот Том Паркер, кој го менаџираше пејачот повеќе од 2 децении. Првиот АРК сингл на Пресли „Heartbreak Hotel”, издаден во јануари 1956 година, беше број еден хит. Тој стана водечка фигура на новиот, популарен звук на рокенролот, со повеќе појавувања на национални ТВ мрежи и рекорди на топ-листите. Неговите енергични изведби на песните, повеќето со афроамериканско потекло и неговиот немирен стил на изведба го направија доста популарен и контроверзен. Во Ноември 1956, тој го направи своето филмско дебитирање со „Love Me Tender“.

Доби покана за служење во војска во 1958 година, и Пресли ја продолжи својата кариера дури по две години со успешно комерцијализирани дела. Како и да е, тој настапи на неколку концерти и предводен од Паркер, тој продолжи да посветува повеќе време на 1960-тите години, на правење на Холивудски филмови, како и албуми со песни, повеќето од нив исмеани од критичарите. Во 1968, по седумгодишна пауза од сцената, тој се врати на настапите во живо во Лас Вегас, кој се претвори во неговата резиденција за концерти и профитирачки турнеи. Пресли настапи на првиот концерт кој беше глобално прикажан преку сателит, „Aloha from Hawaii“.Зависноста од апчиња сериозно го оштети неговото здравје и тој ненадејно умре во 1977 на 42 годишна возраст. Пресли е една од најважните фигури на популарната култура на дваесеттиот век.Тој имаше плодотворен глас и способност за мошне успешно соединување на повеќе жанрови на музика, вклучувајќи кантри, поп балади, госпел и блуз.Тој е соло артист со најмногу продажби во историјата на популарната музика. Номиниран за 14 Греми награди, доби 3 и се здоби со Греми награда за животно достигнување на 36 години.Тој е вклучен и во повеќе музички Хали на славни личности.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Рани години(1935=53)[уреди | уреди извор]

Детство во Тупело[уреди | уреди извор]

Елвис Пресли е роден на 8 јануари 1935 година, во Тупело, Мисисипи, син на 18-годишниот Вернон Елвис[1] и 22-годишната Гледис Лав Пресли.[2] Живеел во квадратна двособна куќа, која неговиот татко ја изградил како подготовка за новиот член на семејството. Џес Герон Пресли, неговиот идентичен брат близнак, 35 минути постар од Пресли, бил мртвороденче.[3] Како единствено дете, Пресли се зближил со родителите и формирал необично цврста поврзаност со неговата мајка.Семејството одеше секоја седмица во Божјиот собир на една црква, каде што тој ја пронајде својата музичка инспирација.[4]

Потеклото на Пресли е од западноевропска мешавина.Од страната на мајка му тој има шкотско-ирско потекло, и француско-нормандиски корени, а една од пра-прабабите на Гледис била од племето на Чироки. Предците на татко му имаат шкотско или германско потекло. Роднините и пријателите на Гледис ја гледаа како најдоминантен член на малото семејство. Вернон преминуваше од една во друга сомнителна работа, покажувајќи мала амбиција. Често семејството се ослонуваше на помошта од соседите како и помошта за храна која ја обезбедуваше владата. Во 1938 година, го изгубија домот откако Вернон беше прогласен за виновен поради фалсификувањето на чекот кој бил потпишан од сопственикот на имотот. Тој беше осуден 8 месеци затвор, а Гледис и Елвис се преселија кај нивни роднини.

Во Септември 1941 година, Пресли започна да оди во прво одделение во „Еаst Tupelo Consolidated”, каде наставниците го процениле како „просечен“ ученик.[4] Откако ги импресионирал наставниците со изведбата на кантри песната „Old Shep” од Ред Фоли за време на утринските молитви, тој беше охрабрен од неговите наставници за да учествува на натпревар за пеење. На натпреварот, одржан на 3 октомври на саемот на Мисисипи-Алабама, десетгодишниот Елвис, облечен како каубоец,качен на столица за да го достигне микрофонот ја испеа песната „Old Shep”, со која за првпат настапи во живо.

Тој го освои петтото место на натпреварот.[4] Неколку месеци подоцна, Пресли ја доби првата гитара како роденденски подарок,[4] [5] а се надевал за поинаков подарок, како на пример велосипед или пушка. Во текот на следната година, тој одеше на основните часови за свирење гитара кај двајца свои вујковци и кај новиот пастор од црквата во која одеше неговото семејство. Пресли изјави: „Ја зедов гитарата и гледав од другите и научив да свирам по малку. Но никогаш не се осмелував да пејам во јавност. Навистина бев доста срамежлив.[4] Кога во септември 1946 година започна да оди во шесто одделение во новото училиште, Милам, за Елвис мислеа дека е самотник. Наредната година тој започна секојдневно да ја носи својата гитара. Свиреше и пееше за време на одморот и често беше предизвикуван затоа што го нарекуваа "лошо“ дете кое свири хилибили музика.[4] Тогаш семејството живееше во афроамериканско соседство. Помладиот брат на Слим, редовен приврзаник на шоуто „ Mississipi Slim” на радио станицата WELO во Тупело, го опиша Пресли како „луд по музиката“, па тој често го водеше Елвис во радио станицата. Слим го подучуваше Пресли како да свири на гитара и како да ги подобри своите акордни техники.[4] Кога Елвис беше дванаесет години, Слим му закажа два настапи во живо. Пресли на првиот настап го надмина својот страв од сцената, и веќе следната недела имаше успешна изведба.[5]

Тинејџерскиот живот во Мемфис[уреди | уреди извор]

Во Ноември 1948 година, семејството се пресели во Мемфис, Тенеси.[4] По нивниот едногодишен престој во соби кои ги изнајмуваа од склопот на повеќе семејни куќи, им беше доделен двособен апартман во комплексот на јавни домови познати како владин проект наречен „The Courts”. Откако се запиша во „Humes High School”, Пресли доби само 3-ка по музичко во осмо одделение. Откако неговата наставничка по музичко му рекла дека нема став за пеење, следниот ден тој ја зел својата гитара и го отпеал тогашниот хит „Keep Them Cold Icy Fingers Off Me”, со цел да го докаже спротивното.[4] Соучениците подоцна изјавиле дека наставничката „се согласила дека Елвис бил во право кога кажал дека таа не го цени неговиот стил на пеење“.Тој беше воглавно многу срамежлив за да настапува на отворено и често беше исмејуван од соучениците кои го сметаа за, „мамино синче“.[4] Во 1950 година тој почна редовно да вежба да свири гитара под туторство на Џес Ли Денсон, сосед две години постар од него.Тие и уште три други момчиња-вклучувајќи и двајца идни предводници на рокабили музика, браќата Дорси и Џони Барнет формираа слободна музичка група[4] која често свиреше околу куќите од околината на населбата наречена „The Courts”. Истиот Септември тој започна да работи како редар во Loew's State Theater. Други работни места следеа во текот на школските години: Precision Tool, повторно во Loew's State Theater и во MARL Metal Products.

Во прва година во средно училиште, Пресли почна да се одвојува од своите соученици, повеќето поради пораснатите бакенбарди и поради косата која ја правеше со масло од роза и вазелин. Во негово време, тој би се упатил кон Beale Street, срцето на успешната блуз сцена во Мемфис, долго зјапајќи во дивата, светликава облека од излозите на Lansky Brothers .Тој ја носеше таа облека по две три години. Надминувајќи го неговиот страв за изведба надвор од дворовите, тој се натпреваруваше во годишното шоу на трубадурите во Хјумс во април 1953 година. Пеејќи и свирејќи на гитара, тој настапи со "Till I Waltz Again with You", неодамнешниот хит на Тереза Бруер. Пресли се присеќава дека таа изведба придонела доста за неговиот углед: "Јас не бев популарен во училиштето ...не поминав на музичко, единственото нешто по што сум паднал. И одненадеж ме пријавија на ова талент шоу ... и кога стапнав на сцената слушнав како луѓето шепотеа наоколу, бидејќи никој не знаеше дека умеам да пејам, беше неверојатно колку популарен станав после тоа." [28]

Сем Филипс и Сан Рекордс[уреди | уреди извор]

Во август 1953, Пресли влезе во канцелариите на Сан Рекордс. Тој имаше намера да плати за неколку минути снимање за да ги сними на една плоча песните „My Happiness“ и „That’s When Your Heartaches Begin“. Тој подоцна изјавува дека планирал да ги сними како подарок за неговата мајка, но сепак тоа можеше да го направи тоа и со помош на услугите за снимање на аматерски плочи во соседната продавница, каде што е и доста поевтино. Биографичарот Питер Гуралник расправа дека ги избрал Сан Рекордс, со цел да биде откриен неговиот талент. Кога на рецепцијата го прашале каков тип на песни пеел, тој одговорил: „Пеам секаков тип на песни“. Кога го прашала како кој пејач звучел, тој постојано одговарал: „Јас немам сличен глас со никој“. Откако завршил со снимањето, шефот на Сан Рекордс, Сем Филипс ја замолил рецепционерката да го запише името на овој млад човек, и таа го запишала под фразата „добар пејач на балади.“

Неговата втора плоча ја сними во јануари 1954 година, „I’ll Never Stand In Your Way“ и „It Wouldn’t Be the Same Without You“, но за жал не беше успешна. Не многу подоцна тој не помина добро и на аудицијата за еден локален вокален квартет наречен The Songfellows. Тој му образложил на неговиот татко велејќи му: „Ми рекоа дека не знам да пеам.“ Во април Пресли започна да работи како возач на камион за компанијата Краун Електрик. Откако учествуваше на неколку локални свирки со неговиот пријател Рони Смит, Рони му предложил на Пресли да исконтактира со Еди Бонд, фронтменот на професионалниот бенд на Рони Смит, затоа што имало една слободна позиција за придружен вокал. Откако Пресли пеел пред фронтменот, тој го советувал Пресли да си остане како возач на камион, затоа што „никогаш нема да успее како пејач“.

Во меѓувреме Филипс, од Сан Рекордс, бил во потрага по некој кој би можел да го пренесе звукот од црните музичари. Како што изјавила Кајскер, рецепционерката на фирмата, “Се секавам како Сем повеќепати велеше : ‘Кога би нашол белец што ќе има осет и глас на црнец, би можел да направам милијарди долари. Во јуни, тој се здобил со една демо снимка на баладата „Without You“, за која мислел дека би му одговарала на младиот пејач. Пресли дошол во студиото, но не бил во способност да го испее правилно. И покрај ова, Филипс му рекол на Пресли да испее колку може повеќе песни. Тој бил доволно заинтересиран од тоа што го чул од Пресли, па дури и викнал двајца локални музичари, гитаристот Винфилд „Скоти“ Мур и бас свирачот Бил Блек, за да осмислат една снимачка сесија со Пресли. Снимањето било одржано вечерта на 5 јули, и било сосема безплодно, и точно кога сите биле приготвени да се откажат, Пресли ја зел гитарата и ја засвирил блуз песната од 1946 година, „That’s All Right“ од Артур Крадап. Мур се присеќава, „Одненадеж, Елвис започна да ја пее оваа песна, да скока наоколу да се избудалува, и тогаш Бил го зеде својот бас и му се придружи на Пресли, па и јас исто така им се придружив. Во тој момент нѐ слушна Сем и ни рече да почнеме одново со песната.“ Филипс веднаш започнал да снима, тоа бил звукот што го барал цело време. Така започнала активноста на триото, кое што веќе имало многубројни настапи во живо, многу договори и зделки, менаџери и советници.

На Кантри Диск Џокеј Конвенцијата во ноември 1955 година, Пресли беше веќе прогласен за изведувач со најголеми предиспозиции. Неколку компании покажаа интерес да потпишат договор со него. Откако три главни компании му дадоа понуди кои почнуваа од 25 илјади долари, менаџерите Паркер и Филипс успеаја да му обезбедат договор од неверојатни 40 илјади долари со компанијата АРК Виктор, на 21 ноември. Пресли беше сè уште малолетник, и татко му го потпиша договорот за него.

Комерцијален пробив и контроверзност[уреди | уреди извор]

Првата појава на национална телевизија и првиот деби албум[уреди | уреди извор]

На 10 јануари 1956 година, Пресли ги направи првите снимања за АРК (Американска радио корпорација) во Нешвил. АРК овој пат ја надополни низата на дотогашните вообичаени артисти како Мур, Блек и Фонтана, со нови музичари, како пијанистот Флојд Крејмер, гитаристот Чет Аткинс, и три придружни вокали, вклучувајќи го Гордон Стоукер, член на популарниот квартет на Џорданерс, сѐ со цел за да се обогати звукот. Од ова снимање произлезе расположливиот, невообичаен сингл „Heartbreak Hotel“ којшто беше пуштен во продажба на 27 јануари. Паркер конечно го одведе Пресли на национална телевизија, закажувајќи му шест појавувања на СиБиЕс во период од два месеци. Програмата, снимана во Њујорк, беше водена во различни недели од водачи на познати бендови како и од браќата Томи и Џими Дорси. После неговата прва појава, на 28 јануари, Пресли остана во градот за да снима албум во Њујоршкото студио на АРК. Од овие сесии на снимање произникнаа осум песни, вклучувајќи ја и насловната рокерска химна на Карл Перкинс „Blue Suede Shoes“. Во февруари, песната која што беше пуштена во продажба уште минатиот август, стигна на врвот на кантри листата. Договорот со Нил беше раскинат, и на 2 март, Паркер стана новиот менаџер на Пресли.

На 23 март, АРК Виктор, го пушти во продажба албумот којшто беше лично именуван од Пресли, каде беа вброени пет дотогаш неемитувани песни, снимани во Сан Рекордс, вклучувајќи и седум тукушто снимани песни, со најразлични стилови. Имаше две кантри песни со жива поп мелодија. Останатите со сигурност би го дефинирале развојот на звукот на рокенролот : “Blue Suede Shoes” , скоро во секој поглед подобрена верзија од онаа на Перкинс, според критичарот Роберт Хилбурн, и исто така три аренби сингли кои одредено време беа дел од репертоарната сцена на Пресли, насловните песни на Литл Ричард, Реј Чарлс, и The Drifters. Како што беше опишано од Хилбурн, овие сингли беа најизразени од сите останати. За разлика од многу други бели пејачи коишто ги потопуваа острите рабови на оригиналните аренби верзии на песните од педесеттите години, Пресли сосема ги промени.Тој не само што ги внесе мелодиите со неговиот сопствен вокален карактер, туку исто така, наместо пијаното, ја стави гитарата како водечки инструмент во сите три случаи. Прерасна во првиот рокенрол албум, кој стигна на врвот на топ листите, и ја задржа првата позиција 10 недели по ред. „Пресли не беше иновативен инструменталист како Мур, или како современите афроамерикански рокери Бо Дидли и Чак Бери“, образложува историчарот по култура Гилберт Б. Родман гледајќи ја сликата на корицата на албумот, каде што „Елвис го проживувава времето од неговиот живот на сцената, со гитара во рацете, но со тоа ја покажува важната улога на гитарата, како инструмент кој најдобро го изразува стилот и духот на оваа нова музика.

“Шоуто на Милтон Берл” и “Hоund Dog”[уреди | уреди извор]

Пресли за првпат настапи на ЕнБиСи во Шоуто на Милтон Берл, на 3 април. Неговиот настап на палубата на бродот Хенкок во Сан Диего предизвика аплаузи и возвици од публиката од морнари и нивните придружнички. Неколку дена подоцна, Пресли и неговиот бенд летаа до Нешвил, за да стигнат на сесија за снимање, кога тројцата биле потресени затоа што еден од моторите на авионот престанал да функционира и авионот за малку не се срушил над Арканзас. Дванаесет седмици после првото емитување, „Heartbreak Hotel“ прерасна во првиот број еден поп хит на Пресли. Кон крајот на април, Пресли започна настапи во хотел-казиното Њу Фронтиер, во Лас Вегас. Настапите не беа добро прифатени од страна на конзервативните, средовечни гости од хотелот, а според критичар на Newsweek, тој беше „како стомна со виски, на шампањ забава“.

За време на престојот во Вегас, Пресли, кој имаше сериозни глумечки амбиции, потпиша седум годишен договор со Paramount Pictures. Кон средината на мај, тој започна тура во средозападна Америка, во петнаесет градови во краток период. Исто така учествуваше неколкупати на шоуто на Фреди Бел и Белбојс во Вегас, и беше изненаден од нивната верзија на “Hound Dog”, хитот од 1953 со блуз пејачката Биг Мама Торнтон, со текст од Џери Лајбер и Мајк Столер. Овој хит стана новата завршна точка во неговите настапи. После настапот во Ла Крос, Висконсин, еден локален католички свештенички весник испрати наметлива порака до директорот на ФБИ Џ. Едгар Хувер. Тоа беше едно предупредување дека „Пресли е дефинитивна опасност за безбедноста на САД. ...неговите дејства и движења предизвикуваат сексуални страсти кај младите тинејџери. После настапот повеќе од 1000 тинејџери се обидоа да влезат во собата на Пресли...Докази за штетата што ја направи Пресли само во Ла Крос, беа двете гимназијалки...чијшто абдомен и бутови беа испишани со негови автограми.“

Вториот настап на шоуто на Милтон Берл, беше на 5 јуни во студиото на ЕнБиСи во Холивуд, точно во периодот на друга возбудлива тура. Берл го наговорил пејачот да ја остави својата гитара зад сцената, советувајќи го со зборовите „нека те видат тебе, синко“. За време на настапот, интерпретацијата на „Hound Dog“ беше забрзана и со кратки паузи, ја размавнуваше раката, и направи неприлагодна верзија со енергични и претерани движења на телото. Вртењето во круг на Пресли предизвика бура од противоречија. Телевизиските критики беа навредливи: „Г-дин Пресли нема видлива пејачка способност. Неговите фрази, ако може да се наречат фрази, се состојат од типичните варијации на почетнички арии испеани во бањата. Неговата специјалност се драстичните движења на телото, првично идентификувани со репертоар од бурлеск шоу на сензационална блондинка“, истакнал Џек Гоулд, од Њујорк Тајмс. Бен Грос од весникот Њујорк Дејли Њуз, изкажал дека популарната музика „ги достигна најдолните граници со стенкањата и офкањата на еден Елвис Пресли... Елвис којшто меша со карлицата... којшто дава претстава, односно сугерира на вулгарност, примесено со еден вид на чулност која што треба да биде одржана во границите на јавните куќи“. Ед Саливан, чиешто шоу беше од национална популарност го прогласи Елвис како „неприлагоден за семејна средина“. Како врв на сето тоа, Елвис уште бил наречен и „Елвис карлицата - Elvis the Pelvis“, за кое што тој сметаше дека е најдетскиот израз што би можел да го изрече еден возрасен човек.

Шоуто на Стив Ален и првите настапи кај Ед Саливан[уреди | уреди извор]

Шоуто на Берл привлече толку многу внимание, што Пресли веќе на 1 јули имаше закажан настап на ЕнБиСи на шоуто на Стив Ален. Ален пак, не многу голем фен на рокенролот, го претстави „новиот Елвис“ со бела лептир машна и црни опашки на палтото. Пресли ја пееше песната „Hound Dog“ на еден пес лисичар, кој имаше лептир машна и цилиндрична шапка. Како што беше објаснето од телевизискиот историчар Џејк Остин, „Ален мислеше дека Пресли е апсурден и без талент... тој го намести цело шоу со цел Пресли да покаже покајување.“ Подоцна Ален напиша дека многу го заинтригувала харизмата на тоа чудно, испиено провинциско момче, со необјаснива слаткост и екцентрична волшебност, и едноставно признал дека го наместил пејачот во неговиот вообичаен “ комедичен материјал“ од програмата. Пресли на тоа одговорил дека навистина најсмешниот настап во неговата кариера бил во шоуто на Ален. Подоцна истата вечер, Пресли се појавил на шоуто на Хју Гарднер, едно локално популарно ТВ шоу. Беше распрашуван дали воопшто научил нешто од критиките за него, на кое што Пресли одговори „Не, ништо не научив, и не се чувствувам како да правам нешто грешно... не гледам како може било ваков тип на музика да има лошо влијание на луѓето, кога тоа е само музика... како може рокенролот да натера некој да се спротивставува на родителите? Конкуренцијата помеѓу разнобразните шоумени Стив Ален и Ед Саливан помогна Пресли да биде лансиран во огромна слава.

Следниот ден, Пресли ја сними „Hound Dog“ заедно со „Any Way You Want Me“ и „Don’t Be Cruel“. Џорданеарс пееја хармонично, како и на шоуто на Стив Ален, и така продолжија да работат со Пресли во шеесеттите години. По неколку дена, пејачот направи концерт на отворено во Мемфис, каде што изјави „ Знаете ли, оние личности во Њујорк не можат да ме променат воопшто. Вечерва ќе ви покажам кој е вистинскиот Елвис.“ Во август, еден судија во Џексонвил, Флорида, му нареди на Пресли да се скроти на настапите. На следната изведба, тој беше сосема мирен, со исклучок на малото прсте, со кое сакаше да ги иссмее правилата во државата. Синглите „Don’t Be Cruel“ и „Hound Dog“, останаа единаесет седмици на првото место на топ листите, рекорд што не беше достигнат цели 36 години. Сесиите на снимање од вториот албум на Пресли беа сместени во Холивуд, за време на првата седмица од септември. Леибер и Столер, текстописците на „Hound Dog“, придонесоа и за песната „Love Me“.

Учеството на Пресли во шоуто на Ален, за првпат го надмина по гледаност шоуто на Ед Саливан на СиБиЕс. И покрај својата изјава од јуни, Саливан закажа три нови емисии со Пресли, и за тоа му плати 50 илјади долари. Првата емисија, на 9 септември 1956, беше гледана од околу 60 милиони гледачи, рекордни 82.6 проценти од телевизиската публика.

Враќањето (1968-73)

Елвис : Специјалниот возврат во 68-мата година Специјалниот возврат од 68 година ја создаде „една од најславните слики“ на Пресли, направена на 29 јуни 1968, која всушност беше адаптирана за корицата на Ролинг Стоун во јули 1969. Единственото дете на Пресли, ќерката Лиза Мари, беше родена на 1 февруари 1968, во еден период во којшто Елвис бил длабоко несреќен со својата кариера. Од осум сингли, коишто беа пуштени во продажба помеѓу јануари 1967 и мај 1968, само две песни се вброија во првите 40 на топ листите, и ниту една повисоко од местото број 28. Неговиот нареден саундтрак албум, „Speedway“, изумре на број 82 на топ листата. Паркер веќе ги насочува своите планови кон телевизијата, каде Пресли за последен пат се појави на шоуто на Синатра, Тајмекс, во 1960. Тој раководеше со еден договор со ЕнБиСи коишто ја обврзаа мрежата да ги финансира и театарските белези и да емитува Божиќна специјална емисија.

Кон крајот на јуни, во Бурбенк, Калифорнија, беше снимана специјалната емисија, наречена Едноставно Елвис, и беше емитувана на 3 декември 1968. Подоцна беше позната како Специјалниот возврат од 68-ма, и шоуто се карактеризираше со екстравагантно сценирана студио продукција, како и песни коишто беа изведени од бенд сместен пред мала публика.Тоа беше неговиот прв настап во живо од 1961. Деловите кои беа емитувани во живо, го прикажаа Пресли оклопен во стегната црна кожа, пеејќи и свирејќи на гитара, со нескротлив стил, потсетувајќи на неговите рани рокенрол времиња. Директорот и ко-продуцент Стив Бајндер, се трудеше да го смири нервозниот пејач и да створи едно шоу кое ќе биде многу повеќе од часот на божиќните песни, како што беше планирано од менаџерот Паркер. Шоуто, беше најгледаното шоу на ЕнБиСи таа сезона, и одброи 42 проценти од целокупната гледачка публика. Џон Ландау од Eyemagazine коментираше, „Има нешто магично да гледаш човек којшто се изгубил себеси, како го пронајдува патот до дома. Тој пееше со таква моќ, која луѓето повеќе не ја очекуваа од рокенрол пејачите. Тој го движеше своето тело без никаква претензија и напор, од што сигурно и Џим Морисон би позеленил од завист.“ Дејв Марш ја сметал изведбата како една „емоционална величественост и историска звучност.“ Во јануари 1969, синглот „If I Can Dream“ стигна до број 12 на топ листата. Саундтрак албумот пак, навлезе во првите 10 на топ листата. Според пријателот Џери Шилинг со ова специјално враќање, Елвис се потсети „на сето она што немаше шанса да го направи со години, немаше шанса да ги избира луѓето, немаше шанса да избира кои песни и какви саундтраци да бидат употребувани... Тој беше надвор од затворот.“

Назад на турнеја и средба со Никсон[уреди | уреди извор]

Пресли се врати во хотелот Интернејшнал во Лас Вегас, во почетокот на 1970, каде цели два месеци имаше вечерни настапи и тоа по двапати. Снимки од овие настапи беа вметнати во албумот „On Stage“. Кон крајот на февруари, Пресли имаше шест настапи со рекорден број на публика, на астродромот во Хјустон. Во април, беше објавен синглот „The Wonder of You“, број еден хит во Велика Британија, и исто така се искачи и на тогашната американска топ листа. Во август, МГМ (Metro Goldwyn Meyer) ја снимаа пробата и концертот во хотелот Интернејшнал, по повод документарецот за Елвис, наречен „That’s the Way It Is“.Веќе во овие времиња Пресли настапуваше во костум за скокање од авион, кое постана една заштитна црта на неговите настапи во живо. За време на овие обврски, тој доби закана за убиство, освен ако не се исплатат 50 илјади долари. Пресли беше цел на многу закани од 1950 тите години, и многупати без знае. ФБИ сериозно ја прифати заканата, и обезбедувањето беше засилено за време на неговите наредни два настапи. Пресли излезе на сцена со деринџер (пиштол) во десната чизма, и уште еден 45 мм пиштол во појасот, но за среќа концертите поминаа без никакви инциденти.

Албумот „That’s the Way It Is“ сниман како придонес на документарецот за Пресли, окарактеризиран и со студиски и со живи изведби, одбележа една стилска промена. Како што истакнува музичкиот историчар Џон Робертсон, „авторитетот на пеењето на Пресли му помогна да го прикрие фактот дека албумот незабележливо се оттргна од инспирацијата од американските корени од Мемфис, кон малку поумерен звук. Со кантри-музиката оставена во позадина, и соулот и аренби музиката оставени во Мемфис, единствено што беше останато беше класичен, многу чист бел поп – перфектен за публиката на Лас Вегас, но воедно тоа беше и еден чекор назад за Елвис.“

На 7 септември заврши договорот со хотел Интернејшнал и Пресли започна еднонеделна концертна турнеја, воглавно во јужните делови од земјата, за првпат од 1958 година. Следна била неделна турнеја на западниот брег, одржана во ноември. Пресли се сретнал со американскиот претседател Ричард Никсон во Овалната соба на Белата Куќа, на 21 декември 1970.

На 21 декември 1970 година, Пресли договори средба со претседателот Ричард Никсон во Белата Куќа, каде што тој го изрази својот патриотизам и неговиот презир кон нарко културата на хипиците. Тој му побара на Никсон значка од Бирото за наркотици и опасни дроги, за да ја присоедини кон слични предмети коишто ги собирал за официјално да означи санкција со неговите патриотски напори. Никсон, којшто очигледно ја сметаше средбата за малку несекојдневна, изјави дека верува дека Пресли може да упати позитивна порака кон младината и дека исто така беше важно Пресли да си ја „задржи својата веродостојност“. Пресли му сподели на Никсон дека Битлсите, чиишто песни редовно ги пеел на концертите во неговата кариера, биле пример на она што тој го гледал како анти-американизам и наркоманија во популарната култура. (Пресли и неговите пријатели имаа четиричасовна средба со Битлсите пред пет години.) Кога ја слушнал репортажата, Пол Мекартни подоцна изјавил дека се чувствувал „малку предаден... И најголемата шега е што ние земавме незаконски дроги, а видете што му се случи него“, беше упатувањето по повод смртта на Пресли, предизвикана од злоупотреба на лекови.

На 16 јануари 1971, Американската трговска комора го именува Пресли за еден од десетте најистакнати млади мажи на нацијата. Не многу подоцна, градот Мемфис, го именува проширениот Автопат 51 југ, во „Булевард Елвис Пресли“. Истата година, Пресли стана првиот рокенрол пејач којшто беше награден со Наградата за животно достигнување (тогаш позната како Наградата на Бинг Крозби),од страна на Организацијата на Греми награди, односно од Националната Академија на снимани науки и уметности. Три нови студио албуми на Пресли беа објавени во 1971, повеќе албуми отколку што биле излезени во последните осум години. Најдобро примен од критиката беше кантри албумот на Пресли „Elvis Country“, албум којшто е фокусиран на стандардите од овој жанр. Најголемиот селер беше Elvis Sings the Wonderful World of Christmas, тоа беше „најискрената порака од сите“, според мислењето на Грејл Маркус. „Во средината помеѓу десетте болежливо нежни божиќни песни, сите испеани со страшна искреност и понизност, некој би помислил дека Елвис парадира како мачор додека шест разгорени минути ја пееше „Merry Christmas, Baby“, сексуално опседнувачка верзија од блузот на Чарлс Браун. Ако гревот на Пресли беше безживотноста, неговата грешност беше таа која што го доведе назад во живот“.

Распаѓање на бракот и Алоха од Хаваи[уреди | уреди извор]

МГМ одново го снимаше Пресли во април 1972 година, овој пат за Елвис на турнеја, којшто филм, достигна до тој степен за да победи на наградата Златен глобус, во групата за најдобри документарни филмови таа година. Неговиот госпел албум „He Touched Me“, објавен истиот месец, му ја донесе втората Греми награда, за најдобра инспиративна изведба. Тој започна четиринаесет дневна турнеја со нечуена четирикратна тотална распродажба на концертни билети во Њујорк, Медисон сквер гарден. Вечерниот концерт на 10 јули беше сниман и по една седмица емитуван како настап во живо. Оваа снимка во Медисон сквер гарден стана еден од најмногу продаваните албуми на Пресли. После турнејата, беше објавен синглот „Burning Love“, последниот хит на топ 10 списокот на американската поп листа. „Највозбудливиот сингл што Елвис го има создадено од времето на „All Shook Up“, напиша рок критичарот Роберт Кристгау.

Пресли и неговата сопруга, во меѓувреме, станаа многу далечни, скоро и не живееја заедно. Во 1971, тој имаше афера со Џојс Бова, од кое што произлегло забременувањето и абортирањето на Џојс. Тој често ја искажуваше возможноста за таа да се пресели кај него во Грејсленд, велејќи дека најверојатно ќе ја остави Присила. Семејството Пресли се раздели на 23 февруари 1972, откако Присила му откри дека е во врска со Мајк Стоун, карате инструкторот кој Елвис ѝ го препорачал. Присила призна дека кога му ја соопштила веста, тој ја „грабнал и присилно водел љубов со неа, и ѝ рекол: ‘еве како вистинскиот маж води љубов со својата жена’.“ После пет месеци,кај него се пресели новата девојка, Линда Томсон, текстописец и еднократна кралица на убавината во Мемфис. Пресли и неговата жена поднесоа барање за развод на 18 август. Според Џо Мошео, од групата Империалс, пропаѓањето на бракот на Пресли бил удар од кој никогаш не се опоравил.

Во јануари 1973 , Пресли настапи на два добротворни концерти за помош на Куи Ли Фондот против рак, со поврзување на специјалниот ТВ албум „Aloha from Hawaii“. Првиот концерт беше нешто како проба, во случај да не има некакви технички проблеми за време на емитувањето во живо, кое се одржа по два дена. Емитувано по план, на 14 јануари, „ Алоха од Хаваи“, беше првиот концерт емитуван глобално и преку сателити, и како резултат, беше гледан од милиони луѓе, во живо или подоцна на касета. Костумот на Пресли станал најпознатиот пример за анализација на концертната програма. Како што било опишано од Боби Ен Мејсон, „На крајот на настапот, кога ја раширува неговата наметка со американски орел со полно разотворени крилја, тој постана божествена личност“. Придружниот двоен албум, објавен во февруари, стигна до број еден на топ листата, со повеќе од пет милиони распродадени примероци, само во Америка. Се окажа дека тоа беше последниот албум на Пресли којшто стигна до врвот на топ листите.

На едно полноќно шоу истиот месец, четворица мажи, навалиле на сцената во очигледен напад. Обезбедувањето се стрчало за да го одбрани Пресли, а пак карате инстинктот на пејачот му помогна да исфрли од сцената еден од напаѓачите. После шоуто, тој беше опседнат од идејата дека луѓето биле испратени од Мајк Стоун, за да го убијат. Иако се окажа дека тие биле само обожаватели кои претерано се развеселиле, тој беше збеснат и изјави „има премногу болка во мене... Стоун мора да умре“. Неговите изливи на чувства продолжија со таков интензитет, што психијатарот не бил во сила да го смири, и покрај дадените големи дози на медикаменти.

Здравствено влошување и смрт (1973-77)[уреди | уреди извор]

Медицински кризи и последните сесии на снимање[уреди | уреди извор]

Разводот на Пресли влезе во сила на 9 ти октомври 1973 година. Во овој период неговата состојба сè повеќе се влошуваше. Двапати во текот на истата година се предозира со барбитурат (лекови за смирување), поминувајќи три дена во кома во неговиот хотелски апартман. Кон крајот на 1973 година, беше хоспитализиран, во полукоматозна состојба како резултат од зависноста од Демерол (лекарство против силни болки). Според неговиот главен лекар, д-р Џорџ Никопулос, Пресли не се чувствувал како секојдневните зависници коишто би купиле секакви лекарства од улица, затоа што Пресли си добивал рецепт од своите лекари. Од неговиот возврат, секоја година тој настапуваше на сè повеќе и повеќе концерти во живо, и само во 1973 тој учествуваше на 168 концерти, најисполнетиот распоред во неговата кариера од кога и да е. И покрај неговото нарушено здравје, во 1974 тој се заангажира за уште еден интензивен распоред од настапи.

Во септември, нагло му се влоши состојбата. Клавијатуристот Тони Браун се сеќава на пристигнувањето на пејачот на концертот во Универзитетот во Мериленд: „Тој падна од лимузината, падна на колена. Луѓето се стрчаа да му помогнат, но тој ги истурка во стилот, ’Бегајте! Не ми помагајте!’ Се качи на сцената и првите триесет минути се држеше за микрофонот како да е столб. Сите се погледнуваа еден меѓу друг како да се запрашуваа дали воопшто ќе има турнеја.“ Гитаристот Џон Вилкинсон се присеќава, „Тој беше запустен. Беше камен. Беше во голем проблем. Беше очевидно дека е издрогиран. Беше очигледно дека нешто не е во ред со неговото тело. Беше толку лошо, што зборовите од песните беа едвај разбирливи. Се сеќавам дека плачев. Тој едвај издржа на претставувањето.“ Вилкинсон одново се присети дека неколку ноќи подоцна, во Детроит, „ го гледал во неговата соблекувална, спружен на една фотелја, без сила да мрдне. Честопати си помислував да речам ‘Шефе, зошто едноставно не ја откажеш оваа турнеја, и не направиш едногодишна пауза?’ Спомнав еднаш такво нешто во избран момент. Тој само ме подудри по рамото и ми рече ‘ Ќе биде во ред. Не се грижи за тоа.’“ Пресли продолжи да пее на распродадени концерти. Како што опишува културниот критичар Марџори Гарбер, тој беше сега наширко перцепиран како накитен поп пејач кој „во делотворност тој стана ослободувачот. Дури и неговите обожаватели сега беа средовечните надзорнички и бабичките со сини коси.“

На 13 ти јули 1976, Вернон Пресли, којшто длабоко се замеша во финансискиот статус на неговиот син, ги испушти од работа Сони Вест и Дејвид Хеблер, обезбедувачи од Ред Вест „Мафијата од Мемфис“ (пријатели на Пресли уште од 1950 година), цитирајќи дека требало да се направат некои „намалувања на трошоците“. За време на оваа случка Пресли бил во Палм Спрингс, и некои сугерираат дека пејачот немал доволно храброст да се соочи со ниту еден од нив. Друг соработник на Пресли, Џон О’Грејди, спореше дека обезбедувањето беше тргнато од функција поради нивното грубо третирање на обожавателите, кое што доведе до многу судски расправии. Од друга страна пак, полубратот на Пресли, Дејвид Стенли, тврдеше дека обезбедувачите беа отпуштени затоа што започнале многу отворено да зборуваат за Пресли и неговата зависност од дрога. Пресли и Линда Томсон се разделија во ноември, и тој веднаш започна врска со друга девојка, Џинџер Алден. Тој и предложи брак на Алден и ѝ даде свршенички прстен два месеци подоцна, иако неколку од неговите пријатели тврдеја дека тој немал сериозни намери за да стапи во брак по вторпат.

АРК (Американска Радио Корпорација) која што постојано емитуваше песни од Пресли во продолжение на една декада, беше вознемирена откако опаднал интересот на Пресли да се појавува во студиото за снимање. После сесијата во декември 1973, од која што произлегоа осумнаесет песни, кои беа доволни за два албуми, тој не стапнал во студиото во текот на 1974 година. Плочата Елвис: Снимка во живо во Мемфис, беше снимана на 20 март, во која беше вклучена и верзија на песната „How Great Thou Art“ која му ја донесе третата и последна Греми награда на Пресли. (Сите три Греми победи, од вкупно 14 номинации, беа добиени за госпел изведби.) Пресли се врати во студиото во Холивуд во март 1975, но обидите на Паркер да му организира уште една сесија за снимање, беа неуспешни. Во 1976 година, АРК му испрати подвижно студио во Грејсленд, со кое што беше овозможен целосен процес на снимање во домот на Пресли. Дури и при таква удобност, снимањето сега било како борба за него. Поради напорите на неговиот менаџер и неговите достигнувања, за време на снимањата од јули 1973 и октомври 1976, Пресли виртуелно ја сними содржината на шест негови албуми. Иако веќе ја немаше најглавната улога на поп листите, пет од тие албуми влегоа во топ петте на кантри листата, и три стигнаа и до врвот: Promised Land (1975), снимка Од Булевардот Елвис Пресли, Мемфис, Тенеси (1976) и Moody Blue (1977).

Приказната од неговите песни беше слична, немаше некои поглавни поп хитови, но Пресли сепак беше значајна сила не само во маркетот на кантри-музиката, туку и на радиото на возрасните слушачи на популарна музика. Осум студио сингла од овој период, кои беа пуштени во продажба во текот на неговата кариера, беа топ 10 хитови на двете поп и кантри топ листата, четири од кои само во 1975 година. „My Boy“ беше број еден на листата за модерна музика за возрасни во 1975 година, а пак „Moody Blue“ се искачи на кантри топ листата и стигна до втората позиција на листата за модерна музика во 1976 година. Може да се каже дека таа година беше со најпозитивни критики на неговите нови албуми, кое што Греил Маркус го опиша како „апокалиптичен напад“ на класичната соул изведба на „Hurt“. „Кога би почувствувал како звучи“, напиша Дејв Марш на изведбата на Пресли. Тој додал: „Чудото не беше тоа што тој имаше само уште една година да живее, туку тоа што успеа да преживее толку долго.“

Последната година и смртта[уреди | уреди извор]

Новинарот Тони Шерман напиша дека до почетокот на 1977 година, „Елвис Пресли прерасна во една гротескна карикатура од неговата поранешна силна и енергична личност. Силно преоптоварен, неговиот разум е заматен од големиот список од лекови што редовно ги употребува, тој едвај успева да остане прибран за време на неговите скратени концерти.“ Во Александрија, Луизијана, пејачот беше на сцена помалку од еден час, и беше тешко да се разбере што пееше. Пресли не се ни појави во Батон Руж, не беше способен да стане од неговиот кревет од хотелот, и така, преостанатите концерти од турнејата биле откажани. „Way down“, објавена на 6 јуни беше последниот сингл на Пресли. Неговиот последен концерт се одржа во Индијанополис на Маркет Сквер арената, на 26 јуни.

Гробот на Пресли во Грејсленд[уреди | уреди извор]

Книгата „Елвис, што се случи?“, во соработка со трите обезбедувачи кои добија отказ од работа претходната година, беше објавена на 1 август. Тоа беше првото детално разоткривање на Пресли дека употребува дрога. Тој беше разорен од книгата, дури и се обидел со пари да ги убеди издавачите да го спречат нејзиното публикување. Во тоа време тој страдаше од многубројни заболувања како глаукома, висок крвен притисок, оштетен црн дроб и заболување на дебелото црево, и секое од овие заболувања уште повеќе се влошуваше поради употребата на дрога.

Пресли имаше закажан лет за Мемфис, вечерта на 16 август 1977 година, за да започне нова турнеја. Истото попладне, Алден, го пронашла на подот од бањата, и тој воопшто не реагирал. Обидите за да го спаси биле неуспешни, а неговата смрт била официјално прогласена во 3:30 попладне, во болницата Баптист Мемориал. Претседателот Џими Картер даде изјава обратена кон Пресли, со која потенцира дека „Пресли засекогаш го сменил лицето на американската популарна култура“. Погребот на Пресли се одржа во Грејсленд, во четврток, на 18 август. Тој е погребан до гробот на неговата мајка.

Од 1977 година[уреди | уреди извор]

Во периодот помеѓу 1977 и 1981 година, шест сингл-плочи пуштени во продажба по смртта на Пресли, се искачија во топ 10 списокот на хитови. Грејсленд беше отворена за публиката во 1982 година. Привлекувајќи повеќе од половина милион посетители годишно, тоа е домот којшто се најде на второ место со најголема посетеност во Америка, после Белата куќа. Во 2006 година е прогласена за Национално и историско одбележје.

Пресли е воведен во четири музички хали на славноста: Рокенрол халата на славните (1986), Халата на славните за кантри-музика (1998), Халата на славните за госпел музика (2001), и Рокабили (комбинација на рок и хили-били музика) халата на славните(2007). Во 1984 година, тој ја доби наградата В.К Хенди (W.C. Handy Award) под организација на непрофитната Блуз Фондација, а од Академијата на кантри-музикта, ја доби првата награда Златна шапка. Во 1987, тој се здоби и со Награда за заслужност на Американските музички награди.

Junkie XL направи еден ремикс на песната од Пресли „A Little Less Conversation“ (позната како „Elvis Vs JXL“) која се употреби за рекламната кампања на Најк за време на Светскиот куп на ФИФА во 2002 година. Беше на врвот на топ листите во повеќе од 20 земји, и беше придружена кон компилацијата на број еден хитовите на Пресли, наречена „ELV1S“, која што достигна исто така еден интернационален успех. Во 2003, еден ремикс на песната „Rubberneckin‘“, снимана од Пресли во 1969, се искачи на врвот на најпродаваните сингли во Америка, како и синглот „That‘s All Right“, одново објавен наредната година на педесет годишнината од издавањето на албумот. Вториот сингл беше тотален хит во Велика Британија, каде што стигна до третата позиција на поп листата. Во 2005 година, три други сингла беа одново објавени „Jailhouse Rock“, „One Night“/„I Got Stung“, и „It’s Now or Never“ и се искачија на број еден во Велика Британија. Во текот на истата година вкупно 17 сингли од Пресли се одново објавени, и сите се искачија на Британските топ пет хитови. Петта година со ред, Форбс го прогласуваа Пресли за славна личност, со највисока годишна заработка после смртта, со добивки од околу 45 милиони долари. Во 2006 година беше втор по заработка, но следните две години се врати на првото место, а во 2009 година стигнал до четврта позиција. Наредната година, беше ранкиран на втората позиција, со неговата највисока годишна заработка од кога и да било, 60 милиони долари, надополнето и со празнувањето на неговиот 75 роденден и лансирањето на Циркусот на Солеил Вива Елвис Шоу во Лас Вегас. Во ноември 2010 година, е објавен албумот Viva Elvis:The Album каде е вметнат гласот на Елвис во ново компонирани инструментални тракови. Од средината на 2011 година, се проценети околу петнаесет илјади лиценцирани Елвис Пресли производи. Тој беше повторно на втора позиција за славна личност која има најголеми годишни приноси после смртта.

Пресли го држи рекордот за најголем број на песни коишто се вброиле во листите на топ 40 и топ 100 најслушани песни.Статистичарот на листите Џоел Витбурн, пресмета неверојатни 104 и 151. Историчарот Адам Виктор пак, му пресметал на Пресли 114 на една топ листа и 138 на другата топ листа. Ранкирањата на Пресли за топ 10 и број еден хитовите варира, но според анализата на Витбурн, Пресли и Мадона ја делат позицијата за најмногу топ 10 хитови и тоа 38. Според пресметките на Билборд, тој се ранкира на второ место со 36 хитови. Витбурн и Билборд заклучуваат дека Битлсите го држат рекордот за најмногу број еден хитови, и тоа 20, а Мараја Кери е на втората позиција со 18 број еден хитови. Витбурн пресмета дека Пресли исто така има 18 број еден хитови и така и тој се најде на втората позиција. Билборд пресметаа дека тој е на третата позиција со 17 број еден хитови.Според Витбурн и Рокенрол халата на славните, Пресли исто така го држи рекордот за најмногу седмици на местото број еден, и тоа 80, а според Билборд, е на истата позиција со Мараја Кери со 79 седмици. Тој го држи рекордот за најмногу број еден хитови во Велика Британија, и тоа 21 хит, а околу 76 хитови во топ 10 списокот на хитови.

Влијанието на Елвис Пресли[уреди | уреди извор]

Елвис Пресли извршил огромно влијание врз развојот на популарната музика, а многу музичари го наведуваат како своја инспирација. Исто така, во негова чест се снимени бројни песни, како:

  • „Елвис Пресли и Америка“ (англиски: Elvis Presley and America) — песна на ирската рок-група У2 од 1984 година.[6]
  • „Навраќање кон Сината Месечина (Песна за Елвис)“ (англиски: Blue Moon revisited - Song for Elvis) — песна на американската група Каубој џанкис (Cowboy Junkies) од 1988 година.[7]
  • „Грејсленд“ (англиски: Graceland) — песна од истоимениот музички албум на американскиот музичар Пол Сајмон (Paul Simon) од 1986 година.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Eames, Tom (May 20, 2022). „Who was Elvis Presley's father Vernon and what happened to him after his son's death?“. Smooth Radio. Посетено на November 6, 2023.
  2. Eames, Tom (May 20, 2022). „Who was Elvis Presley's mother Gladys? The heartbreaking story behind her life and death“. Smooth Radio. Посетено на November 6, 2023.
  3. Earl 2017.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Guralnick 1994.
  5. 5,0 5,1 Dundy 2004.
  6. U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.
  7. YouTube, cowboy junkies - blue moon revisited (a song for elvis) (пристапено на 3.5.2017)
  8. Paul Simon – Graceland (пристапено на 7.2.2024)