Еладски период

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амфора со октопод, Родос, доцноеладски период III C1, околу 1200—1100 п.н.е., (Музеј во Лувр).

Поимите еладска цивилизација или еладски период во историјата на Грција се современи археолошки поими кои означуваат низа на историски периоди од епохата на Бронзеното време на територијата на континентална Грција, вклучувајќи ја и појавата на Критско-микенската цивилизација. Во трудовите на античките историчари и поети, еладскиот период обично се поврзува со предгрчките жители на Егејскиот регион, најчесто со Пелазгите, а ретко се спомнуваат и други народи (Минејци, Кавхони, Лелеги и др.). Истовремено со еладската цивилизација, на Крит постоела минојската цивилизација, а на Кикладитекикладската цивилизација. Крајна етапа во развитокот на овие три цивилизации била микенската цивилизација, при што како нејзин обединувачки елемент се јавуваат Грците кои дошле на Балканот и во Егејот во 16 век п.н.е.

Датирањето на еладската култура во значителна мерка е врзано со развитокот на различните типови керамики кои може да се поделат на „рани“, „средни“ и „доцни“ керамики од конкретен стил или место на потекло. Во некои случаи се употребува методот на апсолутно датирање.

Периодизација[уреди | уреди извор]

Периоди
по Блеген
Приближно датирање
по Блеген
Култури по Ренфрју,
керамика по Дикинсон
Современо
датирање[1]
Раноеладски I2800-2500 п.н.е.Евтресис
Раноеладски II2500-2300 п.н.е.Кораку, локално — Лефканди 1
Раноеладски III2300-2100 п.н.е.Тиринф
Средноеладски I2100-… п.н.е.Минојска керамика
Средноеладски II… п.н.е.Минојска керамика
Средноеладски III…-1550 п.н.е.Минојска керамика
Доцноеладски I1550-1500 п.н.е.Шахтови гробници
Доцноеладски II1500-1400 п.н.е.Микенска култура
Доцноеладски III1400-1060 п.н.е.Микенска култура

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://projectsx.dartmouth.edu/classics/history/bronze_age/chrono.html Архивирано на 29 декември 2006 г. The Chronology and Terminology of Aegean Prehistory