Едмунд (Прв војвода од Јорк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едмунд
војвода од Јорк
НаследникЕдвард
СопружникИзабела
Јоана
ДецаЕдвард
Констанца
Ричард
ДинастијаДинастија Плантагенет
Династија Јорк (основач)
ТаткоЕдвард III
МајкаФилипа

Едмунд (5 јуни 1341 - 1 август 1402) бил син на англискиот крал Едвард III и неговата сопруга Филипа.

Кога навршил 21 година, тој се здобил со титулата Ерл од Кембриџ. На 6 август 1385 година, Едмунд станал војвода од Јорк. Со ова го дал почетокот на династијата Јорк, која подоцна ја започнала т.н. Војна на розите за англискиот престол.