Егер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Eger
Егер
Знаме на Eger ЕгерГрб на Eger Егер
Држава Унгарија
ОкругХевеш
Управа
 • ГрадоначалникЛасло Хабиш
Површина
 • Вкупна92,2 км2 (356 ми2)
Население (2009)
 • Вкупно56.429
 • Густина610,8/км2 (15,820/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код3300
Повик. бр.36
Мреж. местоhttp://www.eger.hu/

Егер (унгарски: Eger, германски: Erlau, словачки: Jáger, латински: Agria) — град во северна Унгарија со население од околу 56.000 луѓе.

Егер е главен град и административен центар на округот Хевеш и се наоѓа во североисточна Унгарија помеѓу гората Бука и Матра. Познато е туристичко место со термални извори. Во градот постои метална, прехранбена и хемиска индустрија како и винарски пазар.

Областа на денешниот Егер била населена уште од камено време. Во раниот среден век во градот се населиле германски и словенски племиња. Во 10 век дошле Унгарците кои ја освоие егерската област. Егер станал важно место околу 1009 година, за време на владеењето на првиот унгарски крал Иштван I (или Стефан I). Во тоа време била подигната римокатоличката епископија во градот. Градот пострадал за време на монголските напади во 1242 година и потполно бил уништен. За време на владеењето на Матијаш Корвин, го достигнал врвот за време на ренесансата и станал значаен град во Унгарија за тој период. Во 16 век цврсто се бранел од нападите на Отоманското Царство, но Отоманците успеале да го освојат Егер во 1596 година и со него владееле 91 година, сè до 1687.

После ослободувањето од отоманската власт (од тој период е зачувано минаре кое е високо 35 m), во текот на 18 век претежно бил изграден во барок стил. Поранешната миноритска црква (1758-1771) се вбројува во една од најубавите монументи на Унгарија. Православната црква во градот (1784-99) важи за една од најголемите православни цркви во Унгарија и позната е по богатиот иконостас (1789-1791). Денеска е музеј на црковнословенската култура на градот.

Во периодот од 16 до 19 век во Егер имало многу Срби, Грци и Власи. Двајца Хрвати, Фрањо Франкопан и Антун Вранчиќ, биле римокатолички епископи во Егер. По градот Егер е именувана и егерската епархија која за време на пеќската патријаршија била јасеверната православна епархија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]