Евтерпа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Евтерпа (грчки јазик Ευτέρπη}}, латински јазик Euterpe) е Зевсова и Мнемозина ќерка, една е од деветте Музи. Заштитничка е на музиката, а кога станала заштитничка на лирската поезија обично е прикажувана со аулос.

Евтерпа, Лувр

Нејзиното име доаѓа од грчките зборови Ευ = "добро" и τέρπεω = "задоволува", а споен зборот Ευτέρπη значи "онаа која сака, обожава, развеселува, задоволува".

Митологија[уреди | уреди извор]

На Евтерпа ѝ се припишува пронаоѓањето на аулос дувачки инструмент сличен на денешната обоа, иако повеќето митографи мислат дека аулос го измислил сатирот Марсиј од Фригија.

Речниот бог Стримон ја оплодил Евтерпа и таа го родила синот Рес кого подоцна, според Хомеровата Илијада го убил Диомед во Тројанската војна.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]