Европско јазично портфолио

Од Википедија — слободната енциклопедија

Европското јазично портфолио (англ.European Language Portfolio) е дневник на искуства во учењето на странските јазици. Вклучува документи (како на пример дипломи и уверенија за положени испити), биографски податоци (на пример во врска со јазичните курсеви кои лицето ги посетувало, училишни размени и патувања во странство) и примероци од ученички трудови изработени на некој странски јазик.

Функции на портфолиото[уреди | уреди извор]

Портофолиото има две главни функции: да ја потпомогне подвижноста (така што на образовните институции и работодавците ќе им пружи информации за потенцијалните ученици и вработени), и исто така што го стимулира учењето; портфолиото го следи ученичкиот труд бележејќи го неговиот напредок. За помладите ученици втората функција ќе биде од примарно значење. Многу од нив ќе се уверат дека создавањето на портфолиото само по себе ја зајакнува мотивацијата.

Делови на Европското јазично портфолио[уреди | уреди извор]

Портофолиото е составено од три дела: Јазичен пасош, Јазична биографија и Досие.

Европски јазичен пасош[уреди | уреди извор]

Пасошот е резиме на ученичките способности на различни јазици. Тоа бара од ученикот да го препознае својот степен на подрачјето на петте вештини: слушање, говорна интеракција, усно изразување, читање и пишување. Разликата меѓу говорната интеракција и усното изразување, онака како што тоа е одредено во Заедничката европска рамка за пристап кон јазиците: (ЗЕР: Заедничка Европска рамка за пристап кон јазиците: учење, подучување, вреднување. Изворно име: Common European Framework for Languages: Leraning, Teching, Assessment), корисна е дистинкција. Најголемиот дел од говорните активности вклучува константна интеракција меѓу двајца или повеќе луѓе. Тоа се примери за говорна интеракција. Пример за усно изразување е обраќањето на некој собир, кога има многу мала интеракција меќу говорителот и слушателот, или пак воопшто и не постои. Поголемиот дел од говорните активности кај учениците ќе бидат од првиот вид. Секако, истиот ученик може да биде на различни степени во различните вештини. Првите четири степени за секоја вештина, утврдени со Заедничката европска рамка за пристап кон јазиците (А1 до В2) се опишани во табелата за самооценување.

Европска јазична биографија[уреди | уреди извор]

Јазичната биографија е личен дневник за учењето на странските јазици. Во него се содржани податоците за курсевите кои биле посетувани и за активностите надвор од училиштето како на пример училишни размени, учење на јазици за време на престој во странство, јазични кампови и на натпревари, како и за други вонучилишни активности.

Европско јазично досие[уреди | уреди извор]

Третиот дел од портфолиото, Досието, е најобемен. Тој би требало да ги вклучува примерите од ученички трудови изработени на странски јазик, како и дипломи, уверенија и други документи кои би можеле да ги поткрепат информациите од Јазичната биографија. Треба да се напомене и тоа дека јазикот се учи и во неформални ситуации, за кои нема да постојат службени документи, а за кои можат да послужат други докази. За да се документира допишувањето со пријател од странство, на пример, ученикот може да вклучи и некое писмо како дел од досието.

Примероците на трудови кои ученикот ќе ги одбере за досието се примери за продукцијата (изразувањето) на тој јазик. Тие може да вклучуваат проекти, творечко пишување, писма, ликовни творби проследени со забелешки или други вежби и активности кои се особено задоволителни. Меѓутоа, досието не мора бити исклучиво во писмена форма. Може да постојат примери за говорно изразување во ворма на запис на ЦД. Може да се работи за некакви анкети, дијалози и сл. изработени од страна на учениците.

Заедничка Европска рамка и евалуација[уреди | уреди извор]

Заедничката Европска рамка за пристап кон јазиците е проект со кој се прави обид да се дојде до своевиден профил на познавање на одреден странски јазик; се опишуваат карактеристичните јазични активности за кои изучувачите на некој странски јазик се способни на поединечни степени. Целиот проект, кој како идеја е зачнат од страна на Советот на Европа, дава опис на активностите и степените кои важат за сите европски јазици. Во месец ноември 2001, Советот на Европа донесе резолуција со која Јазичната Европска рамка за пристап кон јазиците станува модел за вреднување на познавањето на европските јазици. Првиот препознатлив степен (познат во англискиот јазик под терминот Treshold), опишан е во седумдесеттите години на XX век. Истиот вклучувал умеења, стратегии и активности на странски јазик кои би му биле потребни на патникот како би „преживеал“ во земјата на тоа говорно подрачје. Тој степен обично се нарекува В1: тоа е третиот од шесте степени на познавање - од основното познавање до знаењето налик на она од изворен говорител.

Степени на познавање на европските јазици[уреди | уреди извор]

Шесте степени опишани во Заедничката Европска рамка поделени се на три поголеми степени (А, В, С), кои грубо одговараат на традиционалните степени: основен, среден и напреден.

Степен Опис
A1 (англ. Breakthrough) Не го познаваш јазикот или можеш да ги препознаеш познатите зборови. Можеш да употребуваш прости фрази и реченици за опишување или можеш да прашаш за некои нешта. Можеш да напишеш разгледница или кратка порака а исто така и да прочиташ мошне кус и едноставен текст.
A2 (англ. Waystage) Можеш да менуваш зборови во врска со некои општествени теми, да учествуваш во комуникациски ситуации,иако обично не можеш сосем доволно да разбереш со цел да можеш сам да ја одржуваш комуникацијата. Преку едноставни изрази можеш да го опишеш своето семејство и други луѓе, простори, животни услови итн.
B1 (англ. Treshold) Неподготвен можеш да учествуваш во разговорите на теми кои ти се познати и како и на теми од твој интерес. Можеш да раскажеш приказна или содржина на некоја книга или филм, како и да ги опишеш своите реакции. Можеш да ги разбереш главните точки од многу тв и радио програми во врска со тековната проблематика, како и да го разбереш литературниот јазик во врска со работа, школување, одмор итн. Можеш да се снајдеш во поголемиот дел од ситуациите додека патуваш во некоја странска земја.
B2 (англ. Vantage) Можеш да дадеш јасни, детални описи на низа теми поврзани со твојата професија и интереси. Можеш да дадеш мислење на одредена тема. Можеш да ги разбереш повеќето од тв вестите, програмите и повеќето филмови на стандарден дијалект. Можеш да го употребуваш јазикот на спонтан начин преку употреба на многу зборови кои го овозможуваат контакт со твојот изворен соговорник. Можеш да учествуваш во дискусиите во врска со познати теми, поткрепувајќи ги своите гледишта.
C1 (англ. Effective Operational) Успешно и прецизно можеш да формулираш и пренесеш идеи и мислења на другите соговорници. Јасно и детално можеш да опишеш и претставиш сложени теми. Можеш да разбереш стручни статии дури и тогаш кога не се врзани за твојата струка. Можеш на различен начин и спонтано да се искажеш без долго барање на соодветен израз. Јазикот можеш успешно да го употребуваш во општествени и професионални цели. Лесно, без голема мака, можеш да ги разбереш ТВ програмите и филмовите.
C2 (англ. Proficient) Нема проблем во разбирањето на било кој вид на говорен јазик, како усно така и писмено изразување. Успешно можеш да учествуваш во дискусиите на разни теми и да употребуваш идиоми и колоквијализми.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]