Е3 Харелбеке 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Е3 Харелбеке 2013
Светска турнеја на UCI 2013, трка 6 од 29
Детали за трката
Date 22 март 2013
Растојание 211 км
Време 5ч 08' 28" (25,5 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Фабијан Канчелара (Швајцарија) (РадиоШек-Леопард)
Втор  Петер Саган (Словачка) (Канондејл)
Трет  Даниел Ос (Италија) (Аксент Џобс-Ванти)
2012
2014

Е3 Харелбеке 2013 било 56. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке. Била одржана на 22 март 2013 на растојание од 211 километри и била шеста трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена по третпат од возачот на РадиоШек-Леопард Фабијан Канчелара,[1] откако направил соло напад на околу 35 километри пред целта.[2] Второпласиран бил Петер Саган од екипата Канондејл, додека третото место му припаднало на возачот на Аксент Џобс-Ванти Даниел Ос; обајцата возачи завршиле 64 секунди зад Канчелара.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Е3 Харелбеке е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour биле поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. Првично, осумнаесет UCI World Tour биле поканети, како и шест други екипи со специјални екипи и со тоа била создадена групата од 24 екипи. Подоцна, Катјуша го поврати својот World Tour статус по жалбата на Арбитражниот суд за спорт.[3][4] Бидејќи Катјуша не била првично поканета на трката, организаторите на трката го објавиле нивното приклучување на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи имала по осум возачи на трката, вкупно 200 возачи на трката.

Екипи кои настапиле на трката биле:[5]

Резултати[уреди | уреди извор]

Велосипедист Екипа Време
1  Фабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард 5ч 08' 28"
2  Петер Саган (СВК) Канондејл + 1' 04"
3  Даниел Ос (ИТА) Аксент Џобс-Ванти + 1' 04"
4  Герајнт Томас (ВБР) Тим Скај + 1' 04"
5  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Орика-ГринЕЏ + 1' 08"
6  Силвен Шаванел (ФРА) Омега Парма-Квик Степ + 1' 08"
7  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 2' 15"
8  Лука Паолини (ИТА) Катјуша + 2' 15"
9  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај + 2' 15"
10  Себастјен Тиржо (ФРА) Тим Јуропкар + 2' 15"

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Канчелара победи на Е3 Харелбеке 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 22 март 2013. Посетено на 22 март 2013.
  2. „Канчелара победи на Е3 Харелбеке по долг соло напад“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 22 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-25. Посетено на 22 март 2013.
  3. „CAS нареди доделување World Tour лиценца за Катјуша“. Cycling News. Future Publishing Limited. 15 февруари 2013. Посетено на 22 март 2013.
  4. „UCI потврди 19 World Tour екипи за 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 18 февруари 2013. Посетено на 22 март 2013.
  5. „Почетна листа за Е3 Харелбеке 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 март 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]