Доменско име

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиерархија на доменскиот именски систем организиран по зони. За секоја зона работи именски опслужувач.

Име на домен е назнака за идентификација која дефинира граници на административна автономија и авторитет или контрола во Интернетот, заснована на системот за именување на домени („DNS“). Најдобар пример се највисоките интернет домени: com, net и org.

Интернет домените се користат во разни цели, на пример за вмрежувања и именувања специфични за апликациите како и за адресирање.

Делови на домен името[уреди | уреди извор]

Полето на домен името се состои од три домен имиња, технички наречени знаци. Секој дел од трите содржи информации поврзани со домен името. Трите подделови чинат посебни зони што почнуваат од основната зона.

Знаците се по правило поврзани помеѓу себе со точки што ги разграничуваат, како на пример example.com

  • Знакот што се наоѓа најдесно го изразува врвниот домен (домен на највисоко ниво); на пр. домен името www.example.com му припаѓа на доменот на највисокото ниво.
  • Хиерархијата на домените опаѓа од десните кон левите знаци во името; секој знак кон левата страна претставува пододдел или поддомен на доменот од десната страна. На пр. знакот example претставува поддомен од com доменот, а www е подомен од example.com.
  • Трите знаци можат да се состојат од 127 нивоа. Секој знак може да содржи до 63 ASCII карактери. Полното домен име не може да содржи повеќе од 253 карактери.[1] Во практиката, некои регистри на домените можат да имаат пократки ограничувања.
  • Име за вдомување е домен име што има најмалку една поврзана IP-адреса. На пр. домен имињата www.example.com и example.com се исто така имиња за вдомување, додека com не е.

Домени на највисоко ниво[уреди | уреди извор]

Домените на највисоко ниво (ДНН) го претставуваат највисокото ниво на домен имињата на Интернетот. Секое домен име завршува со највисоко ниво или знакот за првото ниво на доменот.

Постојат две основни категории на ДНН[2]: Општи или генерички ДНН (гДНН), и тие вообичаено вклучуваат gov, edu, com, mil, org, net, и int.

ДНН со код на земјата (кз ДНН), како што се eu (Европска унија), de (Германија), fr (Франција), итн.

Ширењето на Интернетот создава потребa за од создавање на дополнителни генерички ДНН. Taка во окотмври 2009, постојат 29 гДНН и 250 кзДНН од две букви[3].

Домени од второ ниво[уреди | уреди извор]

Под доменот на највисоко ниво во хиерархијата на домен името се наоѓаат домените од второ ниво (ДВН). Ова се имињата што се даоѓаат непосредно од левата страна на .com, .net, и другите домени од највисоко ниво. Како пример во wipo.int, wipo е доменот од второ ниво.

Домен имиња од трето и пониско ниво[уреди | уреди извор]

Домен имињата од трето ниво се пишуваат веднаш на левата страна од домените од второ ниво.

Можат да постојат домени од четврто петто итн. Ниво, без практични никакви ограничувања. Домените од второто или пониските нивоа, зависно од поставената хиерархија, често се создаваат на основа на името на компанијата, производот или услугата.

Историја на домен имињата[уреди | уреди извор]

На 15 март 1985, првото трговско интернет домен име (.com) е регистрирано под името symbolics.com [4] од страна на Symbolics Inc., компанија за компјутерски системи во Cambridge, Massachusetts.

До 1992 се регистрирани нешто помалку од 15,000 com домени.

Во првата половина од 2015 година, 294 милиони доменски имиња биле регистрирани.[5] Многу од нив во .com ДНН, вклучувајќи 1,9 милиони online бизниси и e-commerce страници, 4,3 милиони страници за забава, 3,1 милиони страници за финансии, и 1,8 милиони спортски страници.[6]

Регистрација на домен имиња[уреди | уреди извор]

Правото на употреба на домен името се доделува од страна на регистратори на домен имиња акредитирани од страна на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви ICANN[7] Покрај ICANN, секој ДНН е одржуван и технички сервисиран од страна на административна организација што води регистар. Регистарот е одговорен за одржување на базата на податоци на имиња регистрирани во рамките на ДНН што тој ги администрира. Регистрите и регистраторите вообичаено наплаќаат годишен надомест за услугите за доделување домен имиња од корисникот и доделување на стандарден сет од услуги за името.

Често оваа трансакција се нарекува како продажба или закуп на домен името и лицето што извршило регистрација понекогаш се нарекува „сопственик“, но всушност не постои таков правен однос побрзан со трансакцијата, туку само исклучивото право на употреба на домен името. Поточно, овластените корисници се познати како „лица што извршиле регистрација“ или „носители на домен“.

Администрација на ДНН[уреди | уреди извор]

Секој ДНН се одржува и технички се сервисира од страна на админитстративната организација што го води регистарот. Регистарот е одговорен за одржување на базата на податоци на имиња регистрирани во рамките на ДНН што го администрира. Регистарот прима регистарски информации од секој регистратор на домен име овластен да доделува имиња во соодветниот ДНН и ги објавува информациите преку користење на посебна служба, whois[8] протокол. Во процесот на регистрирање на домен име и одржување на авторитет врз создадениот простор на новото име, регистраторите користат неколку клучни информации поврзани со доменот:

  • Административен контакт. Лицето што го регистрира доменот обично именува административен контакт за менаџирање на домен името. Административниот контакт вообичаено го има највисокото ниво на контрола врз доменот. Функциите на менаџирање делегирани на административниот контакт можат да вклучуваат менаџирање со сите деловни информации, како што се име или запис, поштенска адреса, и контакт информација за официјалното лице што регистрира домен, како и обврската да се почитуваат барањата на регистарот на домени со цел да се одржи правото а употреба на домен името. Понатаму, административниот контакт поставува дополнителни контакт информации за технички функции и функции за наплата
  • Технички контакт. Техничкиот контакт ги менаџира опслужувачите на домен името. Функциите на техничкиот контакт вклучуваат обезбедување на прилагоденоста на конфигурацијата на домен името со барањата на регистарот на имиња, одржување на записите за домен зони, и пружање на континуирана функционалност на опслужувачите на името (што води кон достапност на домен името).
  • Наплатен контакт. Страна одговорна за добивање на фактурите за наплата од страна на регистарот на домен имиња и плаќање на соодветните надоместоци.

Историја на единствениот ДНН .eu[уреди | уреди извор]

Во 1999 Европскиот Совет за започнува дискусијата за единствени ДНН за Европа[9].

На 22 април 2002, е усвоена Регулативата на Европскиот Парламент и на Советот за имплементација на интернет доменот на највисоко ниво ".eu". Во мај 2003, Европската Комисија го наименува EURid како оператор на .eu регистарот. Во март 2005 .eu доменот е додаден како основна зона во Интернет системот на домен имиња. Во декември 2005, EURid отпочнува со прием на барања за .eu домен имиња, на лимитирана основа. Во април 2006, започнува општа регистрација на .eu домен имиња.

Трговија и преноси[уреди | уреди извор]

Носителите на .eu домен името можат да ги пренесат нивните домен имиња на други лица или ораганизации - трговија. Носителите на .eu домен името можат, исто така, да го пренесат менаџирањето на нивното .eu домен име од еден акредитиран регистар на друг - пренос.

Како настанува трговијата?[уреди | уреди извор]

  • Организацијата или лицето што го презема .eu домен името од носителот мораат да побараат акредитиран .eu регистар да го контактира EURid за нивна сметка и да ја побара трговијата.
  • Откако EURid го добие барањето им праќа на актуелниот и идниот носител email со кој бара од нов да потврдат дека сакаат трговијата да продолжи, во рок од 14 дена.
  • Ако ниеден или само еден од трговците потврди, трговијата истекува. Ако двајцата потврдат, трговијата е одобрена.
  • После одобрувањето, EURid ја ажурира .eu WHOIS базата на податоци. Нов период на регистрација почнува за новиот носител на домен името.
  1. RFC 1035, Domain names--Implementation and specification, P. Mockapetris (Nov 1987)
  2. „Introduction to Top-Level Domains (gTLDs)“. Internet Corporation for Assigned Names and Numbers.
  3. "New gTLD Program", ICANN, October 2009
  4. "http://symbolics.com"
  5. "https://investor.verisign.com/releasedetail.cfm?releaseid=920138"
  6. Evangelista, Benny. 2010. "25 years of .com names." San Francisco Chronicle. March 15, p. 1
  7. "https://www.icann.org"
  8. "https://simonecarletti.com/blog/2012/03/whois-protocol/"
  9. "An integrated EU Approach to On-line Data Protection"